Македонската „Odium to the Core“ излегува и на Nintendo Switch и Xbox One

Две работи нè радуваат највеќе на светот: пица и читање за успеси на македонски девелопери. Денес ќе зборуваме за второто. Mакедонското студио зад Odium to the Core продолжува со полна пареа и агресивно пласирање на нивниот продукт на што е можно повеќе платформи.

„Овој Божиќ, Odium to the Core доаѓа на Nintendo Switch и Xbox One“, се чита од официјалната изјава на студиото Dark-1. Па така, доколку се кликнете тука, ќе забележите дека предвремените нарачки веќе се овозможени за верзијата за Nintendo Switch. Играта чини 5 долари, а официјално излегува на 25.декември.

Во случај сѐ уште да не сте го пробале овој инди хит, ви препорачуваме да тркнете до Indie Gala и да го проверите нивниот Hump Day пакет од игри. За околу 200 денари добивате осум игри за PC. Една од нив е и, претпоставувате, Odium to the Core. Во случај да не сте сигурни дали е ова игра за вас, прочитајте ја нашата рецензија и интервјуто со студиото Dark-1.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии