MyBudgetPlanner e меѓу првите победници на Microsoft AppStar

Меѓу деветте победници на првата рунда на Microsoft AppStar се најде и македонската MyBudgetPlanner, која пред некој месец беше и апликација на денот на It.com.mk. MyBudgetPlanner е финансиска апликација за следење на трошоците за Windows Phone, креирана од Стеван Костоски. Изработена е во Metro стил со намера да биде едноставна за користење, и тоа и ја донесе победата во првата рунда на регионалниот натпревар на Microsoft. AppStart е натпревар наменет за стартапи и програмери кои креираат апликации за Windows Phone. Има четири рунди по кои се избираат девет најдобри апликации од секоја држава каде се оддржува натпреварот. Втората рунда на натпреварот за најдобра Windows Phone апликација започна од октомври.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии