Македонската мрежа Еmit Knowledge се гаси, но остава 95.000 отворени записи зад себе

Стартуван пред неполна година, Emit Knowledge требаше да биде друштвена мрежа на која програмерите и други ИТ ентузијасти ќе споделуваат знаење. За жал, мрежата не ги исполни очекувањата и тивко згасна. Марјан Николовски, еден од основачите, вели дека го гасат проектот бидејќи не успеаја да го пробијат надвор од Македонија, ниту пак имаат буџет да продолжат да го развиваат. Но, името ќе остане. Наместо друштвена мрежа за програмери, Emit Knowledge ќе биде позната како компанија која се фокусира на нов продукт за колаборација SocialSpot, со кој учествуваа на првата менторска програма на SuperFounders Skopje.

Иако го изгасија Emit Knowledge, сепак дечките остануваат верни на идејата да се споделува знаењето. Затоа ги закачија сите артикли кои беа споделувани на мрежата на GitHub и ги отворија за сите заинтересирани да можат да ги искористат. Се работи за околу 95.000 записи кои се споделија од корисниците, и главно се RSS фидови од следените сајтови. Според Марјан, овие податоци се достапни за јавноста да ја анализираат содржината преку најкористените тагови и зборови во ИТ текстови, и да ја искористат за едукативни цели.

3 коментари на “Македонската мрежа Еmit Knowledge се гаси, но остава 95.000 отворени записи зад себе

  1. Тука се отвора и нова тема, односно колку програмерите со претприемачки ентузијазам знаат да направат маркетинг план за нивната апликација да успее? Што знаат за продажба или градење на онлајн заедници?

    Според мене ова многу често се занемарува. Јас мислам дека многу програмери се занесени од нивната способност да напишат добар код, но често пати прават превид дека добро напишан код е нешто многу различно од добар производ (каде што добар производ е нешто на што луѓето би трошеле време или пари, затоа што имаат конкретна вредност од него)

  2. Не ми е драго што не им успеа идејата, ама ми е драго што бев во право кога реков дека нема да успее од причина што нема да привлече доволно редовни корисници.

    И тогаш реков, нема доволно силна причина поради која би ја користеле. Самиот чин на споделување на знаење не е доволен, особено не покрај толку многу други различни друштвени мрежи, па според тоа и нема дополнителна вредност за корисниците. Некои го сфатија тоа како циничност, иако не беше напишано со таква намера.

    Не се правам паметен, само мислам дека не треба да се кодира било што само затоа што е изводливо. Мислам и дека и авторите на апликацијата ќе се сложат дека овој пат со SocialSpot имаат малку позрел пристап, врз база на досегашното искуство. Сметам дека е наивно да се мисли дека луѓето спонтано ќе почнат да користат нешто масовно. Не дека е со статистичка 0% веројатност, но ако се потпирате на тоа, подобро играјте лото.

    Програмер сум и го знам чувството кога сте вложиле многу труд во изработка, а потоа вашата апликација (скоро) никој не ја користи (а очигледно беше дека во ЕmitKnowledge беше вложен голем труд – беше визуелно привлечна, а веројатно и одлично изработена од софтверски аспект).

  3. Аман веќе пропаднат концепт си е пропаднат концепт како сакате прекрстете го… сега тепајте друго умрено магаре со друго име..

    И колку благородно од вас фидовите што ги споделвте на Github туф туф недај боже кодот да сте го споделеле не не …

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии