Македонската игра Wounded излегува на 28 февруари

Пред неполн месец, ја имавме честа да го одгледаме адреналинскиот трејлер за македонската хорор игра Wounded. Ако трејлерот е некаков показател, тогаш Wounded гарантира квалитетно хорор искуство кое има за цел да ве запознае со комплексните форми на стравот, да ве зграпчи за ракавите и да ви шепоти налудничаво се додека не почнете озбилно да го преиспитувате вашиот разум. Таквиот резултат, меѓутоа, македонското студио Workbench Entertainment не планира да го постигне со неочекувани напади раштркани низ светот на Wounded, туку со градење тензии, формулирање страв од непознатото, и кокетирање со широк спектар од фобии.

Умот на главниот лик се наоѓа во исклучително незавидна и ранлива состојба. Тим е татко кој не сака ништо повеќе од соединување со неговата ќерка. Но, таквото нешто се чини исклучително тешко, особено кога помеѓу нив се наоѓа лавиринт од параноја, страв, анксиозност, и ужас. Градење ваква атмосфера, не би била можна без внимателно одбрани звуци и музика која е замислена целосно да ве потопи во вознемирувачкиот свет на Wounded.

Во време кога квалитетни хорор игри од овој калибар се вистинска реткост, Wounded се заканува да биде оаза во неколку годишна суша. Останува да видиме дали гејмплеј механиките и приказната ќе успеат да нè одведат таму.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments