Македонската филхармонија на концерт ќе изведува музика од најпопуларните игри

Македонската филхармонија на 1.јуни приредува еден интересен настан кој ќе се одржи во новата концертна сала. Станува збор за симфониски концерт под наслов „Видеоигра“, на кој ќе биде изведена музиката од најпознатите видео игри како: Final Fantasy, The Legend of Zelda, Super Mario, Angry Birds, Grand Theft Auto, Battlefield, Pokemon, Tetris, World of Warcraft…

Македонска филхармонија (Image Courtesy of Facebook.com/Македонска Филхармонија)

Концертот ќе се одржи под диригентската палка на маестро Тимоти Редмонд од Велика Британија, еден од најистакнатите диригенти во Европа.

„Видеоигра“ ќе донесе иновативност и ќе им даде поинаква визура на симфониските концерти. Првпат во Македонија ќе се изведува музика од најпопуларната форма на забава во светот, аранжирана за голем симфониски оркестар. Всушност, еден од главните сегменти во изработка на видеоигрите, особено во последните две децении, е музиката, на која ѝ се пристапува мошне сериозно. Често, за автори на музиката за видеоигрите се ангажираат и некои од големите композитори на филмска музика. Денес, музиката за видеоигрите е дел од репертоарот на сите големи симфониски оркестри во светот, а музиката за некои од светски популарните видеоигри како на пример Civilization VI е снимена токму во Скопје, во студиото М1, од страна на оркестарот за снимање на филмска музика „Фејмс“.

Концертот „Видеоигра“ е и можност за љубителите на музиката да ја посетат новата концертна сала на Македонската филхармонија, изградена по сите светски стандарди, и да уживаат во новата акустика.

Програмата:

  • „Super Smash Bros. Melee“ – увертира
    (автори на музика: Hirokazu Ando, Tadashi Ikegami, Shogo Sakai, Takuto Kitsuta)
  • „Final Fantasy“ – „One Winged Angel“
    (автор: Nobuo Uematsu)
  • „The Legend of Zelda“ – 25-годишен јубилеј
    (автор: Koji Kondo)
  • Medley:
    – The Triforce Room from A link to the Past
    – Steam Train Field from Spirit Tracks
    – Dragon Roost Island from The Wind Waker
    – Dark World Theme from A Link to the Past
    – Princess Zelda’s Theme from Ocarina of Time
  • „Super Mario Galaxy 2“ – Main Theme
    (автор: Mahito Yokota)
  • „Undertale Medley“
    (автор: Taby Fox)
    – Fallen Down (Reprise)
    – Undertale Theme
    – Save the World
    – Asgore
    – Reunited
  • „Angry Birds“ – Theme
    (автор: Ari Pulkkinen)
  • „Grand Theft Auto IV“
    (автор: Michael Hunter)
  • „Battlefield 2“
    (автори: Fredrik Englund, David Tallroth, Jonas Оstholm)
  • „Pokemon“
    (автор: Junichi Masuda)
  • Medley
  • „Sim City“ – Theme
    (автор: Chris Tilton)
  • „Final Fantasy VII“  – Theme
    (автор: Nobuo Uematsu)
  • „World of Warcraft“
    (автор: Russell Brower)
  • „Star Fox 64“
    (автори: Koji Kondo, Hajime Wakai)
    Ending and Credits Theme
  • „Tetris“ – Theme
    (автор: Hirokazu Tanaka)
  • „Video Games Live“ – свита
  • „Nyan Cat“
    (автор: Daniwell)

Билетите се продаваат во Дом на АРМ по цена од 400 и 500 денари, а концертот се одржува на 1 јуни со почеток во 20 часот, во новата концертна сала.

1 коментар на “Македонската филхармонија на концерт ќе изведува музика од најпопуларните игри

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии