Македонската армија напаѓа во Civilization VI

За Civilization VI веќе се најавија две поголеми цивилизации. Првата е Персија, а втората е предводена од Александар Македонски.

Македонската цивилизација ќе ги води огромните армии во незапирливи освојувања со новата способност наречена хеленистичка фузија. Уникатната способност ви дава бонус по секое освојување на град и тоа во зависност од тоа со какви области се одликува градот. Самиот Александар Велики допринесува со константен бонус кој го намалува трошењето на армиите при воените патешествија. Ова ви дозволува да навлегувате во фази на подолготрајно војување со попустлив систем од пенали.

Уникатната единица на македонската цивилизација е Hypaspist и, заменувајќи ги Swordsman, приграбува значително поголеми бонуси при напаѓање области. Како значително олеснување на освојувачките амбиции, Александар Македонски ви ги доделува и Hetairoi, дополнителна единица која ги заменува коњаниците и навлегува на војниот пат со бесплатно унапредување.

Basilikoi Paides е македонската уникатна структура која не само што генерира наука секојпат која ќе создадете не-цивилна единица, туку и нуди дополнителни бонуси кога создавате одредени воени единици.

Двете цивилизации, персиската и македонската, ќе се продаваат како дел од Double Civilization & Scenario Pack, кое би требало да излезе паралелно со очекуваното пролетно надополнување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии