Wordbox на македонскиот стартап Vulpi е првата iOS апликација со тастатура која ги предвидува зборовите

во ИТ.МК

Wordbox, iOS текст едитор, креиран од македонскиот стартап Vulpi, сега има нова тастатура која сама ги поправа грешките. Се работи за Fleksy тастатурата, производ на американската компанија Syntellia, која сега има нови SDK алатки за да може да се користена и од трети апликации. Flesky, која беше објавена како самостојна апликација пред година дена, и се користи од пола милион корисници, со овие алатки станува првата алтернативна тастатура за iOS. Vulpi се едни од четирите стратешки партнери со кои стартува новата функционалност, велат Абдулах Алиоски и Аднан Бекировски, основачи на Vulpi. Другите апликации кои се партнери на Syntellia се GV Connect, Launch Center Pro и BlindSquare.

„Со Fleksy контактиравме додека ја развиваме апликацијата, па на форумот на Verge прашавме за фидбек од корисниците и едно од работите што ги побараа беше паметна тастатура. Со Аднан се заљубивме во тастатурата, се обидовме да ја направиме сами, но таа е премногу интелигентна, и се договориме да ги контактираме“, вели Абдулах.

Wordbox и Fleksy се одличен пар. Првиот е добра, чиста и елегантна апликација за креирање на документи и фаќање белешки, а втората го олеснува процесот на куцање со тоа што се обидува да погоди што сакате да напишете, според контекстот на зборот и неговата должина. За жал, таа функционира само на англиски, но и самиот Wordbox е наменет за странскиот пазар. При секое користење на тастатурата, можете да си додавате нови зборови во библиотеката за да може Fleksy полесно да ги препознае, што секако ја подобрува персонализацијата и го олеснува користењето.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments