Македонската апликација Bike Computer надмина 65.000 преземања

Image Courtesy of BikeComputer.co

Апликацијата на Venikom, Bike Computer, достигна над 50.000 преземања на Android и преку 15.000 на iOS. Како што пишувавме во најавата на самата апликација, Bike Computer е наменет за сите велосипедисти и покрај стандардните опции за следење на вашата рута на возење со сите параметри, преглед на отчукувањата на срцето и слични функционалности, нуди и вградена безбедносна опција која ќе ви помогне во случај на незгода.

Image Courtesy of BikeComputer.co

Ова постигнување е радост за целиот тим на Venikom, но и нивна дополнителна мотивација да продолжат на развој на производот.

„Секогаш целиме кон најоптимистички очекувања, нели? Целиот тим во Venikom се радува како напредуваме со Bike Computer, но знаеме дека треба да продолжиме со напорната работа. До сега се обидувавме да го потврдиме концептот дека Bike Computer може да биде добра апликација за велосипедистите. 50к симнувања само на Андроид и до сега 1.281.615километри поминати вкупно со апликацијата нѐ убедија дека сме на добар пат. Ок, да бидам искрен, нивната активност можеби нѐ изненади малку, но знаевме дека велосипедистите се страствени спортисти. Тие го обожаваат велосипедизмот, енергијата и спокојството што го уживаш додека возиш долги тури низ прекрасни предели. Ова го знаеме од прва рака бидејќи скоро целиот наш тим во Venikom го сака велосипедизмот. Затоа сакаме да одговориме на потребите на велосипедистите и да направиме добра премиум верзија која ќе ја стартуваме наскоро. Им ветивме дека ќе им понудиме целосно функционален Bike Computer и планираме да го исполниме тоа ветување.“ – вели ко-основачот на апликацијата, Иван Ивановски.

Image Courtesy of BikeComputer.co

Во кои земји е најпопуларен Bike Computer?

„Имаме велосипедисти од целиот свет, буквално од секаде. Поголем дел од корисниците се од САД и Британија, но се изненадивме дека има фантастична велосипедска зедница и во Бразил, и посебно во Колумбија кои се неверојатно посветени кон спортот. Тоа што го знаевме од нашето искуство, и што го видовме во нашите промоции, е што велосипедизмот е глобален спорт и целата заедница има заеднички јазик. Сите, без разлика од каде се, сонуваат да возат низ прекрасни предели и да се дружат со други велосипедисти.“ – додава Иван.

Најавена е premium верзија, што ќе вклучува истата?

„Bike Computer го градиме чекор по чекор заедно со велосипедистите. Започнавме само со основните метрики, потоа верзија по верзија додававме нови функционалности бидејќи сакаме да направиме апликација што велосипедистите навистина ќе ја користат. Затоа сме постојано во разговор со велосипедистите од разни делови на светот, аматери и професионалци, за да го чуеме нивното мислење и кои им се потребите. Тие од нас бараат да го задржиме минималниот дизајн и Keep me Safe, и најчесто сакаат да им понудиме поголема персонализација како можност да си изберат кои метрики им се важни. Тоа го направивме и ќе го има во новата верзија заедно со неколку нови функционалности, меѓу кои и real-time mirroring и офлајн мапи.“

Image Courtesy of BikeComputer.co

Што е следно за Bike Computer?

„Одиме чекор по чекор. Колку се поактивни велосипедистите од нашата зеадница, така ни помагаат да научиме што им е потребно за одлично возење. Сконцентрирани сме на премиум верзијата која откако ќе ја објавиме, ќе треба велосипедистите да ни помогнат да ја досредиме, и потоа продолжуваме да додаваме нови функционалности и можности Bike Computer да се синхронизира и со други уреди кои спортистите ги користат. После премиум верзијата ќе почнеме да градиме и Bike Shop, но за тоа во следна прилика. :)“

Линкови за преземање на апликацијата:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии