„Советот го поддржа предлогот на извршните органи на МРТ да купат најсовремена опрема, која истовремено ќе овозможи неограничен простор за емитување.“ вели Слободан Чашуле, член на Советотот за јавниот радиодифузен сервис.

Оваа промена од fail во pro телевизија не е по одлука на МТВ, туку е наметната од страна на глобалното исклучување на аналогниот сигнал кое ќе се случи во 2012 со што сите национални телевизии треба да се реформираат во дигитална телевизија, и со тоа ќе поддржуваат HD.

Транзицијатa на МТВ ќе треба да оди во три фази, пишува Бисерка Велковска-Блажева од Нова Македонија. МТВ ќе треба да се осамостои финансиски, политички и технолошки. И ниту едно од тие не ветува, бидејќи некој ќе мора да им даде пари за нова технологија. Но… За финансиското осамостојување веќе е поднесен предлог-закон според кој Управата за јавни приходи ќе ја врши наплатата на радиодифузната такса. Ќе се менува и Законот за радиодифузија, кој е копија на британскиот, и би требало да и понуди правна независност на МТВ. Третата фаза е купувањето нова опрема.

„Планот за инвестиции е прифатен и по 30 години Македонската радио-телевизија конечно ќе има можност да ја обнови старата опрема. Сé уште не знам колку ќе чини сето тоа, бидејќи не знам какви ќе бидат понудите што ќе ги добиеме на тендерот.“ вели еден од извршните директори на МТВ, Петар Каранаков.

Летово, за време на Светското фудбалско првенство, имаше МТВ во HD но тој сигнал беше емитуван преку други оператори, во овој случај T-Home.

7 коментари на “Македонска телевизија во HD во 2011?

  1. Сите телевизии до 2012 ќе се префрлат на HD така да ќе продолжам да ги следам тие мк канали кои досега сум ги следел, МТВ во поново време била #fail а со нивното моментално темпо така и ќе бидат дигитално.

  2. Нека не беснеат, нека направат нешто паметно за себе и државата и да ја затворат еднаш засекогаш таа зграда што физички изгледа како да е BBC а реално не сработува четвртина работа од било која локална телевизија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии