Македонија има побрз интернет од Србија, но далеку е зад Хрватска и Бугарија

Која држава на Балканот има најбрз интернет? Сигурно не сме ние, но одговорот на тоа прашање ќе можете да го пронајдете во продолжение на текстот. Имено, станува збор за извештајот од Akamai од кој може да се види и дека брзината на интернет опаѓа ширум светот во последниве три месеци. Причината за падот сè уште не е јасна, вели Akamai, една од најголемите платформи за интернет дистрибуција, но добро е што на годишно нови брзината се зголемила за 19 отсто.

Македонија од Q3 (третиот квартал) во 2007 година до крајот на 2011 година бележи незабележителен раст од 0,1%, а просечната брзина во Q4 во 2011 година изнесува 2,86 Mbps. Земјите кои имаaт побавен интернет од Македонија се Турција со 2,7 Mbps, Србија со просечна брзина од 2,39 Mbps, и Aлбанија и Босна и Херцеговина кои имаат отприлика иста брзина од 1,9 Mbps.

Додека Македонија, Србија и Хрватска се тука некаде со брзините, Бугарија и Романија користат побрз интернет со повеќе од 1,5 Mbps од Хрватска која има брзина од 3,22 Mbps. Романија е меѓу земјите со најбрз интернет во светот со просечна брзина од 6,38 Mbps, додека Бугарија со 4,88 Mbps има малку поспор интернет од САД.

Што се однесува до брзината во остатокот од светот, подолу е табела на земјите со најбрз интернет.

3 коментари на “Македонија има побрз интернет од Србија, но далеку е зад Хрватска и Бугарија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии