Користев latinicno пребарување, бидејќи за повеќето градови пребарувани со кирилица нема Google Autocomplete.

  • Скопје – аеродром, 2014, постер од градот и интересно, како се изговара Скопје…

  • Куманово – вести, мапа, договор поврзан со 2001, временска прогноза…

  • Битола – текстот од песната “Битола мој роден крај” и песната “Битола Бабам Битола”  се најпопуларните пребарувања за веселиот град на конзулите.

  • Берово – освен официјалниот сајт на општината, очекувано популарно е и пребарувањето на хотели и вили.

  • Богданци – официјалниот сајт, мапата и компанијата Млаз Богданци…

  • Валандово – град познат по својот традиционален фолк фестивал.

  • Велес – терминот Велес е испомешан со други странски термини. Доколку пребарувате по старото име на градот ќе наидете на филмот „Јас сум од Титов Велес“

  • Виница – слично како Велес, терминот Виница е изгубена меѓу други, странски пребарувања.

  • Гевгелија – општинскиот портал Gevgelijanet.com и хотелите и казината се пребарувањата за овој град.

  • Гостивар – времињата за молитва (namaz vakitleri), мапа на општината и блогот за спортски дојави.

  • Дебар – овој град од Западна Македонија ја има несреќата да неговото име е исто со име на планина во САД.

  • Делчево – сајтот на општината, времето и мапата…

  • Демир Капијa – винаријата Попова Кула и планинарењето се најпопуларните пребарувања за овој град.

  • Демир Хисар – мапата, општината и душевната болница…

  • Кавадарци – слики од градот, општинскиот сајт и плоштадот се најбарани за Кавадарци.

  • Кичево – временска прогноза, мапа и вести…

  • Кочани – оркестарот Кочани, чија песна “Сики, сики баба” заедно со Есма неовластено е на soundtrack-от на филмот Борат, се барани повеќе од самиот град.

  • Кратово – изоставувајќи го пребарувањето за руското Кратово, област во Москва, за македонскиот град барани се мапата и пародијата Кратово 2014.

  • Крива Паланка – мапа и временска прогноза…

  • Крушево – пребарувањето за нашето Крушево е испомешано со пребарувањата за регионите Крушево во Хрватска и БиХ.

  • Македонски Брод – популарни пребарувања за оваа мала општина се сајтот на општината и мапа…

  • Неготино – локалниот портал Неготино Онлајн и градскиот базен како најпопуларни термини…

  • Охрид – најпопуларни термини за туристичкиот град се порталот OhridNews, агенцијата Ohrid Travel, аеродромот Св. Павле и Охридска Банка.

  • Пехчево – сајтот Pehcevo.com.mk, локалниот рибник и мапата заедно со информации за општината.

  • Прилеп – Prilep Properties, американска агенција за недвижности, слики од градот и временска прогноза…

  • Пробиштип – временска прогноза, мапа и сајтот Probistip Online…

  • Радовиш – најпребаруван е терминот „радовишанка”, поврзан со фабрика во градот, па сајтот на општината и временска прогноза…

  • Ресен – уште еден македонски град испомешан со странски термини.

  • Свети Николе – мапа, временска прогноза и веб камера од градот се популарни термини за Св. Николе.

  • Струга – вести за градот, компанијата Struga Management од САД и секако, струшките вечери на поезијата…

  • Струмица – струмичкиот карневал е популарното пребарување за овој град во источна Македонија, заедно со временската прогноза и порталот Strumica Online.

  • Тетово – настани поврзани со 2001 година, тетовскиот универзитет, слики од градот и временска прогноза..

  • Штип – бидејќи градот напишан на латиница е сличен со терминот „stipend” (стипендија), пребарувањата не се баш релевантни.

  • Дојран – дојранското езеро, како и пребарувања за хотели, апаратмани и сместување во градот.

1 коментар на “Македонија според Google AutoComplete

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии