Македонија повторно во фокусот на Facebook

Македонија е спомената во извештајот на Facebook. Од друштвената мрежа известија дека отстраниле 2632 страници поради координирано неавтентично однесување. Групите се од Иран, Русија, Косово и Македонија. Од Facebook велат дека нема потврда за заедничка акција, но тактиката која е користена е слична.

Тактиката која ја користат е креирање на мрежи од профили кои потоа ги мамеле другите за тоа кои се и што прават, пишува Facebook.

Од Македонија и Косово се отстранети 212 Facebook страници, групи и профили за учество во координирани неавтентични однесувања од Македонија и Косово. Индивидуи од овие групи преку лажни профили објавувале најразлична содржина низ различни групи. Групите имале и мало присуство и во заедници во САД, Австралија и Обединетото Кралство. Содржините кои ги споделувале се од религиски и политички теми, но и за национализам, Ислам и политика.

Од Македонија и Косово се отстранети 40 Instagram страници и 172 профили на Facebook. Страниците вкупно имаат над 685 000 приврзаници, некои на повеќе од една страница. Цената потрошена на рекламирање не е превисока и станува збор за вкупна сума од околу 5 800 долари. Друштвената мрежа сподели и неколку постови од овие профили:

И додека Facebook брише постови, медиумите јавија за една поинтересна и смешна вест. Евалидас Римасаускас призна дека во период од 2013 до 2015 година украл 99 милиони долари од Facebook и 23 милиони од Google. Планот на г. Римасаускас е едноставен. Тој праќал фактури на двете компании, а заедно со фактурите им испраќал фалсификат фактури, договори и писма кои наликувале како да доаѓаат од директори на компаниите. Она што е поинтересно е што никој не ни проверил дали фактурите кореспондираат со фактурите кои ги добивала компанијата, пишува BoingBoing.

Римасаускас поштата ја праќал во име на лажна тајванска компанија, Quanta Computer. Дури регистрирал компанија во Латвија на ова име. Тој вратил 50 милиони долари, а засега е нејасно што се случило со останатите 73 милиони. Максималната казна која може да ја добие е 30 години затвор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии