Македонија помеѓу најпријатните изненадувања на Светското првенство во Magic

Викендов заврши Светското првенство во најпопуларната стратешка игра со карти Magic the Gathering. Македонија која учествуваше на првенството влезе во топ-16, што е најголем успех на репрезентацијата. Успехот на македонската репрезентација, но и на останатите условно помали репрезентации е прогласен за топ 5 момент на настанот од организаторите.

Македонската репрезентација во Холандија беше во состав:

  • Иво Нешковиќ,
  • Мартин Наник,
  • Миро Попов и
  • Небојша Стаменков.

За жал, по поразот од Австралија, не се пласираа во најдобрите 8 репрезентации, но ова воопшто не го намалува постигнатиот успех.

wmc-20161119-1803

Македонија vs. Канада Image Courtesy: Magic

Македонија ова и го прави на Канада?

Тоа е прашањето кое го постави коментаторот на мечот помеѓу Иво Нешковиќ и канаѓанинот Џејкоб Вилсон.

„Македонија е релативно малечка држава со популација од неколку милиони. Досега имаа само уште едно појавување на вториот ден на турнирот, но нивниот втор ден оваа година е топ 5 момент. Се натпреваруваа против Израел (капитен им е двојниот светски шампион Шахар Шенар); САД (со треторангираниот Овен Туртенвалд) и Канада (чиј капитен е Платинум Про Александар Хејн). Сите овие натпревари се Давид против Голијат, но Македонија излезе како победник на секој од нив.“, пишува на официјалната страница на Magic.

Светското првенство се одржа во Ротердам, Холандија, а светски шампион за 2016 е репрезентацијата на Грција.

nanik

Image: Magic

1 коментар на “Македонија помеѓу најпријатните изненадувања на Светското првенство во Magic

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии