Македонија победник на League of Legends натпреварот Европскиот куп на нации

Македонскиот тим победи на натпреварот во League of Legends одржан на Европскиот куп на нации. Тимот во состав Златко Петровски, Виктор Кордановски, Давид Деловски, Валмир Фејзулаху и Стефан Шевченко со 3:1 го совлада тимот кој дојде од Израел.

Иако малку не загрижија во првиот меч во кој израелскиот тим беше подобар, во следните три рунди македонскиот тим помина многу подобро, па без поголеми проблеми го завршија натпреварот.

Со ова секако завршуваат натпреварите во League of Legends, но не и Европскиот куп на нации. На 14 и 15 јуни ќе се одржат полуфиналните натпревари во Counter Strike: Global Offensive, а Македонија и тука има свои претставници. Во полуфиналето играме со тимот на Белгија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии