Македонија е најдобра земја за започнување бизнис во Југоисточна Европа

Дејан Соколоски

во feature, Вести, ИТ.МК

Image courtesy of Doing Business

Македонија е најдобра дестинација од Југоисточна Европа за започнување бизнис, вели анализата на Doing Business. На листата на Doing Business, Македонија е на 10 место.

Според оцената, Македонија е 10-та од 190 држави, со што е највисоко рангирана не само во потесниот регион, туку и во Југоисточна Европа. Македонија и Албанија се единствени држави од Југоисточна Европа кои забележале напредок и последната година.

Напредокот на Македонија е направен со издавањето на дозвола за градба.

„Македонија го направи процесот на издавање дозволи за градба поевтин со намалување на данокот за развој на земјиште“, се вели во извештајот на Doing Business.

Скратената листа составена единствено од државите од регионот може да ја видите подолу.

  • Македонија – 10
  • Словенија -40
  • Турција -43
  • Косово – 44
  • Молдавија – 47
  • Србија -48
  • Црна Гора – 50
  • Романија – 52
  • Унгарија – 53
  • Кипар – 57
  • Хрватска – 58
  • Бугарија – 59
  • Албанија – 63
  • Грција -72
  • Босна и Херцеговина – 89

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии