Македонија и Косово потпишаа договор за соработка на полето на сајбер безбедност

Националните центри за компјутерска безбедност на Македонија и Косово, потпишаа договор за меѓусебна соработка. Договорот е потпишан минатата недела помеѓу: Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT) и  Националната единица за сајбер безбедност (KOS-CERT) од Косово.

Двете држави ќе соработуваат преку: заедничко справување со инциденти во сајбер просторот; размена на искуства; учество во меѓународни активности; соработка во делот на обуки и програми насочени кон зголемување на капацитетите на тимовите.

Со самото споделување на податоците за сајбер активности во регионот, онлајн просторот би бил побезбеден. Сепак овие податоци, кога има сајбер напад, треба најпрво да дојдат од приватниот сектор. Мотивирањето на компаниите да ги објават пробивањата на безбедноста, претставува најголем предизвик.

Договорот го потпишаа Сашо Димитријоски, директор на АЕК и Крешник Гаши, претседател на RAEPC.

Сајбер криминалот е сѐ поголем проблем последниве години, па секоја соработка е добредојдена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии