Македонија ќе „ги оневозможи“ странските интернет обложувалници и игри на среќа

„Државна видео лотарија“ ќе ги замени странските спортски обложувалници и интернет сајтови кои нудат игри на среќа. Овој нов правен субјект, креиран од Државната лотарија на Македонија, со инвестиција од 6 милиони евра од Casinos Austria, ќе стартува од пролет и ќе понуди локални игри на среќа и обложувања преку интернет. Целта на проектот, вели Владата на РМ, е „државна контрола врз игрите на среќа“ и спречување на изливот на приходите во буџетот на странски држави.

„Нашите граѓани во овој момент играат интернет игри на среќа на странски сајтови и веб страни. Тоа пак од своја страна придонесува значителен одлив на средства од Република Македонија, што не е добро за државата и за општеството“, пренесува портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Тоа што е интересно во сооштението е што македонските власти се чини дека ќе „ќе го оневозможат“ играњето на странските интернет сајтови кои нудат игри на среќа. За ова ќе бидат задолжени Агенцијата за електронски комуникации и ИТ министерството.

„Со стартот со приредувањето на игри на среќа организирани од Државната видео лотарија, од тој момент во период од наредните две години, надлежните институции како што се Агенцијата за електронски комуникации, Министерството за информатичко општество, врз основа на најдобрите светски практики за домашните играчи ќе го оневозможат играњето на интернет игри на среќа на странски сајтови и странски веб страници“.

37 коментари на “Македонија ќе „ги оневозможи“ странските интернет обложувалници и игри на среќа

  1. Кај е државната интернет лотарија? Нели требаше да биде крајот на март или почетокот на април?!?
    Или… да не не се разбравме… никој не спомна година… можеби на крајот од март или почетокот на април од некоја друга година ?
    Гарант сега ќе се ваѓаат на избориве. Ај баш да видиме!

  2. За сега само blizoo ги има блокирано скоро сите страници за интернет обложување но не заради овој закон туку заради бугарскиот

  3. За каков одлив станува збор кога Македонец не може да стави депозит на кладилници или други видови игри на среќа!? Имаше еден период кој траеше година до две, можеше да се става депозит и да се повлекуваат пари, но од пред една година тоа се смени. Може да купувате, да плаќате било што, но не и игри на среќа. Депозитот е неуспешен, 99% од најдобрите странски страни, кои можат но и не мораат во своето име да содржат "bet" велат дека проблемот е од кај нас – нашите банки. Навистина, контактирав со неколку банки, сите го велат истото: не е дозволено да се става депозит на игри на среќа!

  4. Забрани за некои сајтови за калдење и игри на среќа имаше и порано, но тогаш не беа на нив на држава туку банките самите не дозволуваа нивните картички да поминуваат на одредени сајтови. Дури ако приметеа серија мали трансакции од сајт/сервис кој не го знаат по правило ги задржуваа трансакциите додека не се потври дека не е за калдење и сл.

    Оттаму не гледам причина зошто би требало да се блокира комплетен пристап до соодветните сајтови, факт е дека денес ги има далеку повеќе отколку пред 5-6 години, но исто е и ако треба истите да се блокираат. А во секој случај блокирањето нема комплетно биде решение. Е сега дали банките ќе сакаат да го прават ова… и дали тоа нив ги чини дополнително нешто е друг муабет.

    Јас мислам дека дефинитвно треба да се турка на таа страна работата, да се регулира преку банките, да не им се дозволи на властите да си играат со обиди за цензурирање зошто тогаш предизвикот да го заобиколиш тоа ќе биде поголем… и пак во круг ќе се вртиме.

    1. Даре, многу наивно со банкиве.. а кругот и обидите за цензура на интернет секогаш ќе бидат бесконечен луп. Скоро сите примаат Skril (кога неаме paypal) па ќе иде преку нив како посредник. Со тоа станува и потешко ујп да имаат евиденција за потеклото на трансакциите бидејќи немаш директен прилив ил уплата на сајт за коцкање (кое патем е забрането со закон сега за сега)

  5. Jas im preporacuem da go baniraat Facebook i da si napraat Vlada_Na_RM_Book.mk i ondak site klikovi na reklami i provizija sto se odleva u stanstvo bi idele za kampanja i "punjenje" na budzetot na RM.

  6. Многу лесно може да се заобиколи секоја забрана, така да целиот тој трошок за опрема и се што треба за да се "имплементира" ова ќе падне во вода, или поточно на трошок на граѓаните.

  7. И во Белгија (каде живеам) се блокирани некои кладилници од причина што не платиле лиценца.
    И не дека ја поддржувам власта во МК, ми се гади од неа (а и од опозицијата), само сум реален.

  8. Срам за државата ! Од нивнио универзитет ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ 80% СОФТВЕРСКИТЕ ИНЖИНЕРИ седат дома без работа, и чекат кампања или пред кампања да дојдат до некоја платака та залепат, за да ги вработат во државно!!! ВАШИ СЕ ДЕЦАТА!!! ВИЕ ГИ ПРОИЗВЕДОВТЕ, вие ги вработите. ЕВЕ ВИ ПРИЛИКА ПОКАЖЕТЕ СЕ КОЛКУ ВРЕДЕТЕ , не да ги давате ПАРИТЕ НА НЕКОЈ АВСТРИИЦИ ЧИМ САКАТЕ ДА ОСТАНАТ У ДРЖАВАТА!!!!!!

    1. Додека седат така дома, можат да земат и да поднаучат нешто, па и сопствен проект да почнат. Знам неколку компании кои во мк бараат девелопери – и не можат да ги најдат! Тоа кажува за нивниот квалитет. Не е програмирањето правен или економски, заврши колку да завршиш, вработи се во државно,па клати врата земај плата.
      Второ, зошто државата да се грижи за неспособни луѓе? Цел свет бара програмери на сите страни(и тоа со работа од дома), само тие кутрите не можеле да најдат работа, па ајде сега државата да ги згрижи?! Е не може бе, не сакам да плаќам данок за неспособни да си го „ладат“.
      И, by the way, сите добри програмери одамна престанаа да работат за македонски компании …

  9. Образложението е нон-сенс. Како што има одлив на средства, така мора да има и прилив на средства од добивки од странските интернет обложувалници

    1. Технички, сите коцкарски игри имаат точно пресметан процент – on the long run, колку од парите ги земаат од играчите. Они тоа го викаат „edge“, колку edge има казиното над играчот, за секоја поединечна игра. Мислам дека обично е меѓу 2-5%, така нешто, во зависност од способностите што ги бара играта. За слот машини, кои не бараат знаење, е највисок тој процент.

      Така да иако ти – како поединечен играч – можеби ќе заработиш пари, се` на се` коцкањето е одлив.

      Има земји што забрануваат државјаните да се коцкаат, ама им дозволуваат на странци. Тоа е веќе некаков прилив.

    1. Мислам дека нашите обложувалници одамна се спремни за интернет кладење. Пред една година скоро на сите се правеше офлајн тикет (со најава дека уплата преку интернет ќе биде достапна наскоро). Моцарт (српска компанија) веќе има развиен софтвер, па мислам дека брзо ќе има конкуренција.

      1. Со закон е гарантиран монополот на Лотарија, за жал и тоа е возможно кај нас, државата да овозможува монопол во 21 век.

      2. А со устав е гарантирано дека нема монопол. Впрочем тој член од уставот го искористи Макпетрол против монополот на ОКТА. Друга работа е ако австријците имаат договор со владата, па во случај монополот да падне на уставен, австријците да тужат во некој меѓународен суд.

  10. Диктатура !!! За некоја година бетер како кореа ке станеме. Жално е веќе јас лично не се коцкам но ја чекам првата шанса да емигрирам .

  11. so ovoj zakon samo ke dobie mozebi Makedonija poveke pari vo budzetot, a vlasta ke izgubi uste nekoj glas poveke od internet korisnicite. Ne veruvam deka vlasta ke cenzurira bilo kakva druga sodrzina.
    Tie bi blokirale odredeni sajtovi mozebi se so cel da se kockaat na makedonski sajt i da ostanat parite tuka sto spored mene e vo red, duri bi bilo dobro i stranci da doagaat na nasi sajtovi i poveke pari bi vleguvale vo drzavava.

    1. Апсолутно недозволиво е да се блокира интернет-сообраќај, без разлика од која причина.
      Повеќе пари у државата? Како, кога на Австриец дале да го тера бизнисот, тука да не ги чува парите тој? Напикале све неспособни у тоа Лотаријата, друг викнале да им ја брка работата.

      1. У право си. Австријците ќе го носат ќарот т.е. профитот дома во Австрија, шо значи повторно ќе се одлива во туѓи џебови за туѓи бели дворови.. Државата треба да подразмисли за одливањето секоја година на енормни профити на телекомот, евн, окта, банките, осигурителните компании, а не ситница за интернет коцкање?!? Замислете да мега-профитните продадени компани на странци останеа македонски што се ќе се изградеше и просперираше Македонија и тоа без задолжуење со нови и нови кредити… ех, глупи македонци, како и секогаш, овци, беееее…

    2. Povratokot na sumata vo najdobrite internet kladilnici e 95.5 do 98.5 % a kaj nas maksimalno e 72%. Taka da ni eden stranec nema da se oblozuva vo nasa kladilnica a plus i onie 10% danok ….presmetaj….drzavata ke ima cista zarabotka od 38%. Dali ke bide samo drzavata koja ke profitira..prasanje e

    1. Да, како и секогаш, ги следиме само лошите светски трендови, а ги прескокнуваме добрите бидејќи ни се многу тешки.

    1. Ако читаш IT.com.mk најверојатно не си групата што ќе го јаде ако се донесе законот. Ти можда знаеш да кренеш VPN или појма немам, прокси да користиш, али татко ти не знае.

      И не е главниот проблем што нема да може да се коцкаме на странските сатови, туку што успешно ќе биде поставен систем за некаков вид на цензура на интернет, што подоцна лесно може да се прошири на остатокот од интернет содржината. А ако еднаш го прифатиме концептот за интернет контролиран од државата, со која било цел, тогаш е прашање на време кога државата ќе почне да цензурира блогови и портали.

      Тоа мислам дека е најголемата опасност од овој закон.

      1. Со оваа цензура не помага ни VPN ни прокси. Блокадата нема да биде од интернет кладилниците туку од интернет провајдерите по наредба на МИОА и АЕК која наместо да и штити нашите права станува алатка на власта за воспоставување на цензура и монопол. Всушност со ова се кршат 2 уставни права. воспоставување цензура и создавање на монопол. Единствен спас е уставниот суд ама додека да се реши тоа многу од нас ќе го јадат стапот. И да бидеме начисто…констатацијата ти е на место…ова е само почеток на интернет контролиран од државата.

      2. Не сум по кладење многу и можеби не ме афектира ова директно, но моментот кога ќе одлучат да прават цензура на интернет, ќе ги срамнеме со земја.

      3. Тоа што можеме да го аргументираме е следново: „Не смеете да ги користете интернет провајдерите како инструмент за регулирање на коцкањето на интернет. Регулирајте ги банките и законите. Интернетот мора да остане слободен.“

        Од податоците што ги најдов по интернет, во најголем дел од земјите на некој начин е регулирано онлајн коцкањето. Во некои земји – како Америка и Русија – е забрането. Во Франција и Германија е регулирано со лиценци. Од сите места за кои прочитав, само во Индија провајдерите смеат да блокираат сајтови. [1]

        И битно е вниманието да го свртиме кон фактот дека на нашиот интернет се воведува некаков вид на цензура. Медиумите не зборуваат гласно за ова. [2] Акцентот го ставаат на „нема да се одлеваат парите“ или пак „во Македонија конечно ќе може да се коцкаме online.“

        Најголема шанса да успееме да направиме нешто, искрено мислам, е да притиснеме битката да се префрли од интернет просторот – кон банките и законите. Да дадеме до знаење дека блокирање на сајтови едноставно не доаѓа предвид.

        [1] http://en.wikipedia.org/wiki/Online_gambling#Lega
        [2] http://www.time.mk/c/502c767fd0/makedonija-ke-gi-

      4. Не тропај глупости бе Перо еве во кина сум каде што се живо и диво е блокирано зад големиот кинески firewall и пак со ВПН се работи

        ама не е то поентата ако цензурираш само една страна е исто како да си цензурирал се.

        Можи денес се кладилниците кои немаат толакаво значење утре ќе биди твитер за време на протести…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии