Македонското „информатичко општество“ е меѓу последните во Европа, според ITU

Македонија е помеѓу последните држави во Европа, но сепак во горната третина на светско ниво, кога е во прашање квалитетот на телекомуникациската мрежа, покажува анализата на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), при Обединетите Нации.

Добра (и очигледна) вест е дека бројот на семејства кој имаат пристап до интернет е значително поголем во однос на 2010, иако според истражувањето Македонија бележи пад на 60-то место од 57 место според глобалниот ранг од пред пет години. Најверојатно како последица на поголемиот пристап, напредок има и кај под-индексот за користење на Интернет. Но, нема многу напредок во под-индексот за вештини бидејќи тој најмногу зависи од образованието.

chart

Првото место според квалитет на инфраструктура и искористување повторно ѝ припаѓа на Јужна Кореа, а зад неа се Данска и Исланд. Данска, Исланд, Велика Британија, Шведска и Луксембург се на првите пет места во Европа, а Македонија, Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина и Албанија се на последните пет кога квалитетот на инфраструктурата е во прашање. Овие земји исто така имаат најскапи цени за пристап на интернет. Но, она што охрабрува е анализата на индексите на глобално ниво, што покажуваат дека државите со најмал пристап се подобруваат и пристапот до интернет и квалитетот на инфраструктурата, иако бавно, сепак се изедначува. Простор за најмногу напредок очекувано има кај најмалку развиените кај кои единствено 6,7 од домаќинствата имаат пристап до Интернет. Кај развиените држави оваа бројка е околу 80 отсто. Глобално 46 отсто од мажите и 41 отсто од жените се интернет корисници.

macedoniainternets

Рангирањето е базирано на повеќе податоци од кој се пресметува конечната оцена. Во дел од рангирањата Македонија има напредок, во дел има назадување. Сумарниот индекс е збир на повеќе под-индекси и е клучен показател за инфраструктурата и развојот на една држава.

itu2015