Македонија и локалните бизниси не се во плановите на Google за Business View

Македонија барем во догледен период не е во плановите на Google за Google Maps|Business View. Од Facebook страната Мак Mедиа ни пратија дописка со Google кој вели дека услугата не само што не е достапна, туку барем засега немаат временски период во кој услугата би станала достапна.

Google Business View е дел од Google Maps кој им овозможува на корисниците да погледнат во внатрешноста на објектите како ресторани или продавници и подобро да разгледаат дали им се допаѓа пред да се одлучат да го посетат. Toa што придонесува оваа функционалност на Google Maps е што објектите кои имаат креирано Business View велат дека имаат дури 25 отсто поголема посетеност од претходно.

Со оглед на тоа дека услугата е достапна единствено во триесетина држави можеби не треба да не изненади недостапноста во Македонија. Во регионот Business View засега е достапен единствено во Бугарија. Македонија се уште нема ни Street View, преглед на улиците, иако тоа – за разлика од Business View – може да го очекуваме во обзир дека Street View започна да ги мапира српските улици.

[youtube]9CLYaukFmMw[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии