Македонија го доби првиот шампион во DotA 2

Има дваесет тимови поделени во две лиги, но само еден може да биде шампион на Македонија во Dota 2. По првата сезона, шампиони се Global Challengers кои ги победија The Underdogs со резултат од 3:1 во големото финале што се одржа минатиот викенд во Струмица. Финалето го проследија во живо околу 200 гледачи, што е фантастична бројка за првиот шампионат во Dota 2, организиран од група ентузијасти. За Миле Граматиков, организатор на настанот, ова е фантастичен завршница која ќе ги мотивира да продолжат со лигата. „Задоволни сме од начинот на кој го организиравме овој турнир, но тука не застануваме за следната сезона ке се потрудиме да организираме уште подобро и на повисоко ниво“, вели тој.

12067943_1070937329613035_156783980_n

Тимот зад македонската DotА 2 лига нема да застане тука. Веќе е најавена следната лига и турнир кој започнува во декември, а ветуваат дека ќе дадат се од себе организацијата на новиот турнир да биде на подобро и повисоко ниво. Втората сезона на Dota2MK League ќе се оддржува во период од три месеци: декември, јануари и февруари. „Би сакале да го подобриме начинот на емитување на игрите во живо, коментаторите и начинот на самото водење на турнирите,“ додава Миле. „Се надеваме дека со организирањето на ваквите турнири и лиги ке мотивираме и поттикнеме повеќе натпреварувачи да се бават со оваа видео игра професионално“.

Во споредба со светот каде гејмингот и е-спортот се доближуваат до останатите спортови, пример DotA 2 International има награден фонд од над 18 милиони долари, а League of Legends World Championship има фонд од над 2 милиони евра и договор со BBC да биде пренесуван натпреварот во живо; во Македонија ова сè уште е во зародиш, но со секој турнир интересот е поголем, а со повеќе интерес и повеќе турнири и тимовите стануваат подобри. „Интерес има, но со наредната сезона очекуваме дека истиот ке порасне повеќе, благодарение на одличната организација на претходните турнири и Gaming Center Level за овозможените услови“, вели Миле.

„Тимовите не се на некое светско ниво и не се баш најдобри со неколку исклучоци, но за разлика од првите турнири кои што ги организиравме, нивото на играње на тимовите е драстично зголемено. За да се приближиме до светскиот стандард треба поголема заинтересираност на фирмите кои што се занимаваат со слична област, да спонзорираат, а исто така и државата да помогне за овој вид на натпреварување да се развие повеќе“.

Сепак, можеби очекувањата на Миле се преголеми. Државата нема да инвестира во е-спорт, но интересот околу гејмингот може многу лесно да привлече други спонзори. Е-спортот, предводен пред се од MOBA игрите како DotA или LoL станува пред се забавен за гледање. Twitch, YouTube Gaming и на куп други канали веќе се стримаат видео игри, на спортските телевизии веќе се прикажуваат натпреварите, и секој натпревар привлекува се повеќе и повеќе публика.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии