Ричард Сталман го посвети поголемиот дел од предавањето објаснувајќи како софтверот со рестриктивни лиценци е лош, како го повредува корисникот одземајќи му ги правата да го модифицира софтверот, да го користи како што сака и да го споделува со други. Зборувајќи за разните обиди на индустријата да го ограничи корисникот во еден момент тој рече „таквите компании треба да ги уништиме“. Сигурно 90 отсто од над 250 посетители на предавањето се почувствуваа како негови воини, ма не 90 туку сите!, вклучувајќи ме и мене, бидејќи сите ние сме „слободни дистрибутери“ или пирати на софтвер, музика и филмови. Авторските права за кои г-дин. Сталман го држеше предавањето не функционираат во Македонија. Copyright? Во Македонија никој не троши пари на софтвер, ниту филм ниту музика, туку трошат пари на гигабајти. Кога тој рече „треба да споделуваме“ сигурно сите си помислија „па ја тоа го правам секој ден“ бидејќи секоја програма можеме да ја добиеме од нашите пријатели.

Да, тој зборува за слободен софтвер. И да, со „слободно“ не се мисли само на бесплатното, туку се мисли на отвореност на тој софтвер, на достапноста, се мисли на слободата тој да се модифицира, да се размножува, споделува, да функционира на сите платформи итн. Тоа е јасно, но не може да ја игнорираме вредноста. Токму поради вредноста и тој се најде во густо пред македонската публика. Токму поради вредноста имаше само две аукции за GNU-то и парите кои требаше да се донираат на Слободен софтвер фондацијата, на крај ги даде член на Слободен софтвер Македонија.

Нудејќи го GNU на аукција г-дин. Сталман рече „Знам дека 20 евра или 1.300 денари се многу за вас тука, но не можам да спуштам подолу бидејќи ќе сум во загуба.“. Интересно ми е како промоторот на слободно зборува за губење профит, игнорирајќи дека можеби и музичката индустрија размислува за губење профит. Можеби DRM и други методи за заштита на содржина произлегуваат од макијавелското – целта ги оправдува средствата? Да го оставеше дваесет евра вредното GNU на масата во првата прилика на негово невнимание ќе му го здиплев, како што го правам тоа и со софтверот на Microsoft, ЕА и другите „неслободни“ компании, бидејќи за мене, македонскиот корисник, се е слободно. Г-дин. Сталман ќе беше во загуба и следниот пат ќе имаше две очи врз своите продукти.

Идеите на г-дин. Сталман воопшто не се луди, но тешко е да се реализираат во свет каде функционира конкурентност, каде продуктите имаат вредност, и каде понекогаш грижата за слободата често се гази од алчноста за пари на големите и „зли“, или пак се игнорира од незаинтересираните корисници.

Но, интересно, Македонија е перфектно место каде тие идеи можат да функционираат.

Во Македонија не постојат строги авторски права. Тие постојат во Законот, но во пракса ги нема, нема контрола ниту се применуваат, ниту има етика при „споделувањето“. Пиратската култура е нешто најнормално. Токму поради тие две работи македонските корисниците се комплетно свесни за како изгледа слободата.

На таа свест додадете го тоа дека во Македонија постои моќно движење за слободниот софтвер, тоа се гледа не само од посетеноста на предавањето туку и од активностите на корисниците. Се спрема Национална стратегија за слободен софтвер. Да не ги заборавиме и идните генерации. Проектот „Компјутер за секое дете“ стави по еден Edubuntu на секоја маса во училиштата. Ако постарите генерации изразената со Windows-от како познат ОС без идеја за друго, тогаш помладите имаат одличен избор. Тие ќе го разберат слободното, бидејќи ќе ги разбираат и платформите на слободното. Toa e и предноста на слободниот софтвер, тој се развива така што многуте корисници допринесуваат со што тој софтвер станува достапен за сите, подобар и покорисен за општеството. Иако тука е прашањето, колку од вас допринеле кон подобрување на некој софтвер, а колку од вас сте пиратирале или сте купиле подобар софтвер?

Во секој случај во Македонија е правото време и место да се припремат нови функционални авторски права кои ќе го одговараат на денешнава технологија и ќе го овозможат слободното. Да се кова додека железото е жешко.

Видео од предавањето ќе најдете на komunikacii.net. А доколку сте за дискусија, на форум има тема наменета за дискусија на слободниот софтвер.

44 коментари на “Македонија е ветената земја за идеите на Сталман

  1. Еве една дополнителна економска анализа за авторските права: http://www.marginalrevolution.com/marginalrevolut
    In the short run, piracy reduces superstars’ earnings and market share, and increases the number of niche and young artists. From a dynamic perspective, piracy may help more young artists start their careers, thereby increasing the number of highly talented artists in the long run. The long run impact on artistic creation of levies on copy equipment may crucially depend on whether their yields primarily accrue to superstars or are allocated to help young artists.

    А еве го и мојот подолг одговор на дебатава: http://novica.softver.org.mk/node/517 – може да го објавите тука за да има дебата :)

  2. Поентата е тоа да нема авторски права за да нема пиратерија за да нема казни за да споделуваме на раат: и волкот сит и овците на број. Посекако артистите, пеачите, глумците и останатите сакаат нивните дела да бидат пред сè видени / слушнати. А тие пари што ги заработуваат се само дел од тоа што издавачките куќи го заработуваат, додека повеќето ги заработуваат од концерти, турнеи, изложби и др. Луѓето се навикнати кога некоја работа не функционира да донесуваат закони за санкции против оние кои ќе се побунат, а во стварност кога нешто не функционира треба да се грижат за тоа како да го изменат нештото и да го направат подобро, па потоа да го споделат со останатите. Значи за сите нас е добро. Што би било ако Моцарт и Бетовен би ги заштитиле своите дела со авторски права, или па Њутн, Коши, Лајбниц па и Никола Тесла би ги патентирале своите идеи и откритија? Ќе постоеше денешниот свет? Не би рекол. Сепак одлучиле да го споделат тоа со општеството, sharing is caring indeed.

  3. Ах, Виктор, ни избега од раце. :)

    Инаку, жалам што морам да почнам да кршам нечии („ничим изазвани“) илузии, но – пиратеријата не може да се запре.

    Во оној момент кога тоа би се случило – IT.com.mk ќе лети прв. Или, доколку земам и спуштам 12 епизоди V, исечам некои три минути од нив и остатокот го синхронизирам јас веќе сум творец и сопственик на истите?

    Инаку, Виктор, на колку весници се имаш претплатено до сега (електронски, печатени, сеедно)?

  4. За крај:

    "И плус едно кракче за она досадното Genuine Advantage Validation – ете тоа ти е неслободен софтвер."

    Поентата ми е да не користиш Windows ако не сакаш. Ама ако користиш а тоа мало парче ти прави проблем, тогаш тоа не е до „затворен софтвер“. Исто важи и за пиратеријата и законите кои ги збориш. Ако не сакаш да те гонат за пиратерија НЕ ЈА СИМНУВАЈ.

    Ама sharing is caring аргументот = споделување на свои идеи, не на нешто туѓо = тоа е што Сталман зборуваше, а што вие нејќете да прифатите бидејќи не ви одговара да се жртвувате за таа слобода. Не сакате да се откажете од сериите и филмовите и ги конзумирате без врска колку и да се забранети.

    Тоа е и поентата на коментарот на аукцијата: За нешто вредно нема да има жртви бидејќи се бара да реагирате. Жртвата дојде од Дамјан, поборник на слободниот софтвер и другиот дечко. Но во салата имаше над 250 луѓе.

    Ако сакате слобода следете ги идеите на Сталман до крај! Ама ако при тоа симнувате „забрането јаболко“ не се буните ако големиот ве шутне од рајот.

  5. „Ричард Сталман го посвети поголемиот дел од предавањето објаснувајќи како софтверот со рестриктивни лиценци е лош“ – всушност поголемиот дел од предавањето беше за авторските права

    пиратскиот софтвер само ти дозволува привидна слобода да го споделуваш (додека не те фатат) а ни една од другите основни слободи за кои збори RMS, free software па и open source заедницата.

    1. Зарем целото објаснување на тие авторски права не беше да се објасни поентата на слободата од слободниот софтвер?

      1. komunikacii.net го има видеото објавено. Jaс го гледав веднаш по настанот. Покрај тоа тoj линк беше објавен заедно со тексот, на крај на текстот, но изгледа се аргументира на работи без да се дочитаат :)

      2. епа не знам, може си промашил. идејата за слободен софтвер кај Сталман (и започнувањето на проектот GNU и FSF) била пред да почне да размислува за copyright општо и како тој влијае врз општеството.

  6. "И да, го напаѓаме неслободниот софтвер. Не можат слободниот и неслободниот софтвер да коегзистират исто како што не можиме јас, ти или другите да бидиме во затвор и да сме слободни истовремено"

    Aпсурдно и екстремно гледиште. И тоа ми смета кон следбениците на Сталман.

  7. Здраво Виктор,
    Значи да разјасниме неколку работи. Како прво си ја утнал темата скрос. Г-динот Сталман уште од самиот почеток нагласи дека нема да зборува за слободен софтвер ("This speech is not about free software" – неговата very first реченица). Тоа малку што го кажа за слободен софтвер (едно 15тина минути) свати го како уводен дел на главната тема која гласеше "Copyright vs Community" што значи не ги насочувај погрешно оние што го читаат текстот а не внимавале или не биле на предавањето. Најглавната порака на RMS е дека споделувањето е добро општо за целото човештво. На запад и во Европа луѓето заработуваат парични / затворски казни за спуштање на MP3-ки и филмови од P2P мрежите. Имај во предвид дека и нас ќе не снајде тоа кога еве веќе сме на пат кон Европската Унија каде што таквите закони не само што постојат туку имаат огромна сила и дури тогаш ќе ни фали привидната слобода кога можевме бесплатно да спуштиме некоја MP3-ка или филм а за тоа да не платиме ни денар.

  8. И конечно, споредување на аукцијата за куклата со продажбата на слободен софтвер е погрешна од повеќе причини. Прво тоа нешто што се прави на вакви настани.. може да ликуваме дека ете Сталман рече вака или онака, но чинам секогаш некој нешто нуди, продава на крајот. Но, за тие што го слушаа (или не го слушаа) предавањето – отако ќе го купите гнуто имате слобода што сакате да правите со него. Сталман не го продаваше со обврска да го користите за величање на неговата работа – на пример.

    1. „ И да, со „слободно“ не се мисли само на бесплатното“ – не воопшто не се мисли на бесплатно."

      Ако софверот може да се земе без проблем, обработи и дистрибуира – 90% од програмерите ќе го земат без да дадад или донираат денар. Тоа значи не е бесплатно? Променувате тези на нешто што е премногу очигледно во самата функционалност на тие 4 слободи.

  9. Некако преуморен сум денес за поопсежно да го искоментирам текстот, но само 2-3 забелешки. Никакако не е точно дека „македонскиот корисникот ја фрла индустријата на колена.“ Без разлика дали ќе користите легалено купен или нелегално спржен Windows, тој ќе си праќа назад податоци до Мајкрософт (нешто што е докажано и проверено дека прави така – сега баш не можам да најдам линк ова е неколку години стара информација). Сега прашањето е колку секому лично тоа му е важно. Ако ти е, можеби ќе користиш нешто друго – ако не ти е, онда не е важно што Сталман, Моглен, Лесиг, Хил, Перенс, Зитрејн или било кој друг од кампот на ЕФФ, ФСФ, КК, има да каже.

    Понатаму, „ И да, со „слободно“ не се мисли само на бесплатното“ – не воопшто не се мисли на бесплатно. Под слободно се мисли на слободно. Бесплатноста (т.е. движењето на цената кон нула е последица). Повеќе за ова, во некоја постручна анализа да речеме, има во еден мој текст: http://novica.softver.org.mk/sites/default/files/… – но и на други места на интернет.

  10. Не знам каква врска имаат сите тие што биле вчера во салата со говорот на РМС или со темава? Па таму имаше едно чудо .NET програмери кои што можеби никогаш во животот немаат објавено ниеден од нивните проекти под некоја слободна лиценца – како и да е, не ти ја гледам поентата на муабетот, од кој бараш што и зашто? Јас не сум програмер, ама имам напишано неколку технички прирачници кои што се објавени под слободни лиценци, меѓу кои што е и GNU FDL.

    @Viktor Нема да се вмешам во муабетот за тоа дали корисниците на Apple се глупи или не, ама бар оние што јас ги познавам воопшто не се програмери или систем администратори, туку повеќе дизајнери, флешери или диџеи така да не ми се баш некоја многу технички поткована маса со која што би можел да дискутирам на ниво за оперативни системи.

    Гледам на IRC за темава се дискутира моментално па ќе се пребацам таму :) Ако сака некој да се приклучи @ Freenode канал #lugola

    Peace.

    1. "…да не ми се баш некоја многу технички поткована маса со која што би можел да дискутирам на ниво за оперативни системи. "

      Токму тоа. Само техничката маса е слободна?

  11. @Дејан, па не знам што е за тебе „ЈАК“ ама човекот е доктор на науки од МИТ. Ако не ти е јасно зошто е намален/прекинат развојот на GNU HURD имаш еден куп места на интернет каде што можеш да го прочиташ тоа. Како што објасни и Сталман а и Линус Торвалдс го има изјавувано истото многу пати – Они имаа алатки за оперативниот систем, јас имав кернел, видовме дека добро функционираат заедно и дека луѓе го комбинираат и користат и тоа беше тоа. После некое време различни луѓе, компании почнаа да вадат различни дистрибуции на GNU алатките со Linux кернелот и останатото е историја. Никој никого не спречил да направи ништо, едноставно комбинацијата била добра, луѓе почнале да се концентрираат на неа и да ја развиваат таа комбинација, развојот на HURD не бил и се уште не е прекинат. Ако ти е толку мерак, приклучи се на поштенската листа на проектот и види што можеш да направиш околу тоа. Постои едно непишано правило во FOSS светот – ако нешто не ти се допаѓа или мислиш дека можеш да го подобриш, слободно вклучи се и поправи го.

  12. Колку што знам, расправијата меѓу Сталман и Торвалдс се однесува на начинот на лиценцирање. Сталман вика дека ако користиш слободен сорс код, твојот производ треба исто така да биде објавен под таа лиценца, додека Торвалдс вика дека неговиот кернел е со отворен код и ти можеш што сакаш да правиш со него. Да го продаваш, да го преработуваш, да го затвараш, етц… Има само еден услов – треба твоите муштерии да ги обавестиш дека тоа што го продаваш може да се најде како опен сорс. Поправете ме ако грешам.

    Не знам за вас, ама мене ми личи дека идејата на Торвалдс ти дава уште поголема слобода отколку таа на Сталман. Сталман е за почит, само што неговите идеи е практично невозможно да се спроведат во пракса, барем во денешно време, иако мислам дека интернетот и слободниот проток на информации со тек на време ќе го израмни игралиштето и светот природно ќе дојде до модел сличен на неговиот. Но вакви луѓе се потребни бидејќи се единствената сила која е спротивставена на големите и алчни компании.

  13. „дали ќе е проблем ако се обидеш да продадеш merchandise со цел да си го поддржиш патувањето“

    Убеден сум дека погрешно го свати мојот пост за вредноста. НЕ Е ПРОБЛЕМ „ако се обидеш да продадеш merchandise со цел да си го поддржиш патувањето“. Оф, ок повторно со Apple пример, ама овојпат за девелоперите. Нема нешто позатворено и поконтролирано од Аpp Store. Зошто има над неколку стотици илјади апликации? Спореди го тоа со GNU и колку е послободен и со тоа повеќе луѓе можат да го модифицираат/креираат.

    Зошто?

    "мешаш идеологија и бизнис."

    Или двете не функционираат заедно?

    „погрешно шо 2-3ца се собрале и мрчат зошто сталман“, „еј трајко ми украде слика и ми го украде текстот леле леле леле солзи солзи солзи“ и „не омаловажувам јас никој,“ не ти функционира.

    Ако ти правиш софтвер а јас заработувам од тоа без да ти дадам било какво достоинство и да кажам дека си ти автор на тој софтвер ќе реагираш со „леле леле леле солзи солзи солзи“. Каква основа за бизнис кога ќе бидеш игнориран?

  14. „Вреднувањето / валоризацијата на трудот може да се прави на начин кој нема да те повреди тебе како корисник и мене како произведувач“

    Прво ги омаловажуваш сите корисници бидејќи според твојот став сите кои преферираат „неслободен“ софтвер се „елементарно незапознаени“ дека им се краде слободота? Пример, сите Apple корисници се глупи бидејќи тие трошат многу повеќе пари од другите за бренд продукт? А што е со нивниот избор да го прават тоа, и покрај тоа што знаат дека Apple e затворена компанија.

    Не вели дека се „елементарно незапознаени“ бидејќи многу Apple users што ги знам не се ИТ аматери.

    „напротив на двата ќе ни даде поголема можност за развој, учење, профит“

    Профит во хипи комуна? Пишав одговор и го видов коментарот на Дејан погоре кој има одлична поента: Кај е кодот, што сите тие што беа синоќа на презентацијата го направиле и го пуштиле под ГПЛ/БСД/етцетц?

    И уште еднаш, јасно ми е дека аукцијата и парите за GNU-то се симболичен акт. Но, имаше само 2 кренати раце од сала преполна со фанови на Сталман. Зошто?

  15. Очигледно дека не сте ја разбрале, не само поентата на аукцијата, туку и други работи во текот на предавањето. Сега ќе го имате видеото па прегледајте што зборува РМС за начини на заработка, разлики помеѓу опипливото (хардвер) и неопипливото (софтвер) и разликите кај нив со 4те слободи што тој ги кажува и укажува зошто е тоа така.

    1. Очигледно или не, знам за РМС многу долго пред овој месец кога стана актуелен на овие простори и ги знам филозофите околу него.

      – Ако е толку јак/добар/човек за почит, каде е оперативниот систем што тој самиот го обеќа? Зашто Линукс го спречи него да направи ГНУ? Зборува за свет во кој секој ќе може од доброто, да направи подобро преку подобрување на старото. Еве ако практикува тоа што го проповеда, зашто не го направи ГНУ кернелот со подобрување на линукс кернел?

      – Со самата фрустрација околу името на Линукс – Гну/Линукс се гледа дека типот осеќа тешка завист спрема Линукс. Ако беше по негова филозофија, никој не мора да го спомнува ГНУ во Линукс само затоа што Линукс користи ГЦЦ итн.

      – Неколку реченици од Torvalds himself:

      "So I’m pretty well-known for not exactly being a huge fan of the FSF and Richard Stallman, despite the fact that I obviously love the GPLv2 and use it as the license for all my projects that I care about.I love seeing people who are really passionate about what they do, and many people have something they really care about. It’s just that when that becomes something exclusionary, it often gets ugly. It’s not passion for something, it becomes passion against something else."

      1. вака, вака, ај да не стискам Report, ќе пробам да одговорам на твојот коментар.

        1. актуелен е рмс секаде за тие кои го знаат неговото дело.
        2. овде се гледа дека (извини, навистина) ама појма немаш шо зборуваш. GNU е оперативен систем и постои и се развива континуирано (gnu.org) – претпоставувам и ти го користиш додека Линукс е јадро. Веројатно сакаш да прашаш каде е HURD – кернелот кој го почнаа да го работат? Онлајн е – приклучи се и можда ќе го напредни сето тоа.

        3. завист спрема линукс? или спрема линус мислиш? ако е првото – хаха, ако е второто ќе мора да го прашаш него – напамет зборување денес ни в градинка не врви. Претпоставката е мајка на сите сјебови – така да и тука не ти верувам.

        4. коментарите и препукувањата меѓу RMS и Torvalds се познати – јасно ми е се како ден. Со тоа шо јас мислам дека единствен кој гледа со „завист“ се фаци шо вчера присуствуваа на настанот, не успеаја да го прашаат в лице тоа што сакаа – а можеа, а сега од зад монитор даваат паушална, неоправдана и неаргументирана критика.

        толку на оваа тема.
        останете ми со здравје. Happy Hacking :)

      2. Сеа не мора да се правиш паметен што е Линукс што е ГНУ и што е кернел. Сите знаеме да читаме википедиа.

        А дали е неоправдана или неаргументирана, тоа ти најмалку можеш да го кажеш пошто ти си нај-biased од сите во муабетов. Ако си ФСФ активист, не треба ја кажуваш за што ќе изберам јас. Мое е.

      3. Некој што е паметен, немора да се прави паметен, а сите не знаеме да читаме Википедија :)

      4. Ако веќе го правиме муабетов, јас искрено малку и се покајав за времето што го поминав таму пошто очекував многу повеќе. Немав гледано претходни предавања од него (само дела имав читано, и од тоа на факултет што се работело), и можеби со текот на времето ми се изградила некоја идеологија за човекот која тотално ми се урна со неговите неаргументирани идеи и решенија на проблемите за кои наводно поминал години за да ги осмисли.
        Да појаснам нешто: да ми се укаже прилика пак ќе отидам на негово предавање, пак ќе оставам телефон да стрима и да троши сметка за и други да можат да гледаат итн итн. Не мора да значи дека треба да се согласам со него, нит да го малтретирам со прашања.

  16. @gemidjy не искоментирав базирано на моето елементарно непознавање (а и не викам дека знам се). Искоментирав според тоа што го слушав 2 саата пред тоа. Тоа не може да е непознавање, евентуално може да е неразбирање. Инаку Виктор го напиша тоа што ме мрзеше по шести пат да го коментирам. јбг

  17. ок. само да те потсетам дека на настанот ние сите бевме присутни без котизација и на самата организација на товар НЕ БЕА трошоци за зборувањето на Сталман. Јас пак ќе ја потенцирам разликата меѓу метална столица и софтвер – нешто што НА САМИОТ почеток беше потенцирано. Вреднувањето / валоризацијата на трудот може да се прави на начин кој нема да те повреди тебе како корисник и мене како произведувач, напротив на двата ќе ни даде поголема можност за развој, учење, профит, исто како и Џумла. :) (ако сѐ уште ја користите на порталов) :) поздрав.

    1. Пак се сведува твојот коментар на "Кад је гага и киселина е блага". Пак само се гледа ШТО може ОС и ФСФ да направи за мене. Како можам да копирам/гледам/учам туѓ код, а никој да не ме дира.

      Кај е кодот, што сите тие што беа синоќа на презентацијата го направиле и го пуштиле под ГПЛ/БСД/етцетц?

      1. ти кажав каде е таму кај шо првично ме праша – на блогот кај мене.

        каде е твојот?

  18. Виктор: текстот е одличен и ти благодарам за тоа што го испромовиравте настанот и претходно и со сегашно резиме.

    коментарот со продажбата на ГНУ-то е тотален нонсенс кој произлегува од елементарно непознавање, нешто што се обидовме да го сузбиеме вчера, али кај кој како фатило ак'л :)

    александар.

    1. Не се работи за продажбата на GNU-то туку се работи за вредноста на софтверот и другите нешта. Сталман зборуваше за слободното на група луѓе кои се толку „слободни“ што не би потрошиле ни 1.300 денари за нешто што го посакуваат.

      Но ако вредноста на нешто слободно е 20 евра и според Сталман „ќе го продадам на друго место да не сум во загуба“’ тогаш што да кажеме за тие што трошат илјадници/милиони за да креираат пример видео игра/филм/музика која потоа сакаат да си ја заштитат да не биде слободна, т.е да заработат пари? идеите се интересни но не мора да значи и дека можат да функционираат комплетно.

      @arangel никој не кажа дека има нешто лошо во барање на алтернативни начини за заработка.

      1. И да комплетно ми е јасно дека повеќето од вас фанови на Сталман нема да се согласите со мене, но секоја дискусија е добредојдена no hard feelings. :)

      2. Јас комплетно се согласувам. Сталман е издуван скроз! Ова неговово достигнува епска глупост. Годините го стигнале. Веќе цел свет го гледа и слуша со резерва, јасно им е кој е и што е. Јас сум поддржувач на ОС и ФС ама ова ги преминува сите граници.

        Интересен факт: Сталман и Линус се големи соперници. Се мразат од дното на душата. Сега, ако сме Линукс/Опен сорс евангелисти, од која страна ќе застанеме?

      3. ти се знаеш со двата прекрасно па знаеш дека се мразат од дното на душата.

        мало морген. не ти верувам.

  19. Нема ништо погрешно во продавање на слободен софтвер, па истото важи и за GNU-то. Се работи за еден начин повеќе за да се поддржи фондацијата која што со години работи на бранењето на слободите на сите компјутерски корисници. Ако сакам да ја поддржам FSF, можам да им уплатам пари преку paypal, можам да си нарачам налепници кои што нив ги коштале 5 долари а јас да им ги платам 10 или пак можам да си купам GNU маскота, сеедно.

  20. Аукцијата беше симпатична. Не бев таму, го гледав само стримот, ама се надевам дека ќе ми објасни некој зошто аукцијата не во ред?

  21. "А доколку сте за дискусија, на форум има тема наменета за дискусија на слободниот софтвер."

    Тема? Вчера имаше под-форум, каде исчезна? :)

  22. Одличен напис! Македонија е одлична средина каде можат овие идеи да функционираат со малку напор на заедницата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии