Македонија е 37 држава која ќе ја спроведува Конвенцијата 108+

Минатата недела, на 5 декември, Македонија стана 37 држава која ја поддржа надградбата на Конвенцијата 108, 108+. Македонија од 2016 ја спроведува Конвенцијата 108.

Оваа конвенција се однесува на заштита на правата на граѓаните при автоматско процесирање на лични податоци. Надградбата на конвенцијата е во изработка 7 години и е голема надградба на претходната конвенција. Промените се направени за усогласување на конвенција со GDPR.

Конвенцијата 108:

  • Во отсуство на соодветна правна заштита, забранува обработка на „чувствителните“ податоци – на пример: раса, политика, здравје, религија, сексуален живот или криминално досие;
  • ги заштитува правата на поединецот што е во согласност со законот за заштита на личните податоци на ЕУ, вклучувајќи го и правото да се знае дека информациите се зачувани и правото да бидат поправени;
  • дозволува ограничувања на правата утврдени со Конвенцијата единствено кога се во прашање повисоки цели, како државна безбедност или одбрана;
  • предвидува слободен проток на лични податоци помеѓу договорните страни, но дозволува ограничувања на протокот во државите каде законското регулирање не обезбедува соодветна заштита.

Објаснува Лидија Ф де ла Торе во својот блог.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии