ЕУ: Македонија бележи ИКТ напредок, но некои стандарди не се исполнети

Според извештајот на Европската Комисија за Македонија, земјава има добар напредок на полето на електронските комуникации и информатичките технологии.

Во извештајот стои дека најевидентен напредок има во полето на јавните онлајн сервиси за чиј развој одговорно е Министерството за информатичко општество и администрација. Исто така доставени се амандмани за Законот за електронска трговија, според кои треба да се воспостави национален контакт центар, кој допрва ќе започне да функционира. Донесена е стратегија за дигитално вклучување, според која сите државјани би имале пристап до придобивките кои ги нуди интернетот. Се разбира во извештајот има и негативности, интернет трговијата не е во склад со моменталната стратегија за промовирање дигитална економија поради високите царини. Последица на ова е ниското ниво на интернет купување.

Заклучокот е дека ИКТ стандардите во Македонија се ближат кон тие на Дигиталната агенда поставена од Европската унија. Најголем проблем се појавува во аудиовизуелната политика. Добро се оценети подобрувањата на Законот за радиодифузија, според кој радиодифузната такса сега ја собира Управата за јавни приходи, меѓутоа Македонија мора да вложи поголем труд за да ги задоволи законите на Европската Унија. Според извештајот, законите за авторски права сè уште не се целосно спроведени. Доказ за ова се сите македонски портали кои бесрамно преземаат и преведуваат текстови без да наведат извори, продавајќи ги како свои авторски текстови.

Во извештајот стои и дека јавниот радиодифузен сервис, попознат како МТВ, не ги исполнува законските обврски да обезбеди информативна, едукативна и забавна програма. Советот за радиодифузија исто така не е во можност да го следи пазарот. Огромен проблем е и слободата на медиумите, како и поврзаноста на медиумите со политички кругови. Пиратеријата е исто така многу распространета, особено кај кабловските телевизии. Но не е сè така лошо, бидејќи сепак е донесен акционен план за целосно префрлање од аналогна во дигитална телевезијам, како и за користење на дигитална дивиденда.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии