Македонците се повеќе купуваат и плаќаат преку Интернет

Над 5 милиони евра се потрошени за купување добра и плаќање сметки преку Интернет во првите шест месеци на 2014 година. Разликата во првите шест месеци од 2013 година кога вкупниот интернет пазар бил 510.000 евра е неверојатни 880 отсто, вели Капитал, повикувајќи се на извештајот на НБРМ. Рекорден месец за онлајн купувачите е фавруари каде за услуги онлајн се потрошени 1,3 милиони евра, речиси двојно повеќе од останатите месеци.

Најголем дел од овие трансакции се на сметките на ЕВН, Македонски Телеком, Водовод и канализација, каде може месечните сметки да се платат преку Интернет. Дел од плаќањата сепак доаѓа и од зголемената понуда на производи и услуги кои се нудат на Интернет. Очекувањата се дека трендот на се поголем удел на пазарот на онлајн купувањето ќе продолжи да расте со зголемувањето на продавници кои ќе нудат можност за онлајн купување и нови производи кои ќе се нудат на продажба преку Интернет. За очекување е и бројот на уплати кон странство да продолжи да расте со влегувањето на PayPal во Македонија, но за жал македонските продавници за сега немаат можност за продавање на производи преку овој сервис.

Забележан е и тренд на зголемување на исплати преку мобилни платформи, паметни телефони и таблет компјутери, сепак за сега застапеноста е далеку од европскиот просек. Со зголемувањето на довербата во трансакциите преку мобилни уреди, очекувањата се дека дел од десктоп купувачите ќе се преселат кон овие платформи.

Најголеми проблеми со кој е соочено интернет купувањето се: слабата промоција на интернет трговците и е-трговијата, непостоење на единствено мести за следење и развој на е-трговијата, високи меѓубанкарски провизии, „дивите“ веб продавници и незапознаеноста на надлежните инспекциски органи со проблематиката.

Повеќе бројки за е-трговијата во Македонија ќе најдете во текстот на Капитал.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии