Македонците повеќе на Kajgana, отколку на Facebook?

„Според податоците на Alexa Internet, просечниот посетител на Кајгана на овој сајт поминува околу 35,4 минути дневно (просек земен од изминатите 30 дена) што е значително повеќе од времето кое Македонците го оддвојуваат за Facebook – 27,3 минути.“ вели Кајгана.

Но, дали Kajgana и Alexa се во право?

Прво да објасниме како Alexa функционира. Статистиката која се објавува на Аlexa доаѓа преку корисниците кои го имаат инсталирано Alexa тулбарот за Firefox или IE. Значи Alexa го базира својот систем на рангирање според броење на тоа колку корисниците со тулбарот го посетуваат сајтот, односно „Секој член на Alexa заедницата, покрај имање на корисна алатка, допринесува нешто. Едноставно со користење на тулбарот секој член придонесува валидна информација за мрежата, како ја користиме и што е важно, а што не“ пишува Alexa.

Не треба многу размислување за да се дојде до заклучок дека самата метода не е воопшто точна. Бројката на корисниците кои го имаат инсталирано тулбарот, особено во Македонија, е многу мала, а пред се е нерепрезентативна бидејќи луѓето кои го користат се самите создавачи на сајтовите, веб мастерите и нивните блиски пријатели. Јавна тајна е тоа дека голем број македонски сајтови ги повикуваат своите редовни посетители да инсталираат Alexa Toolbar. Еве еден пример.

Дури и ако се искористат податоците од Alexa, дали или не македонците поминуваат повеќе време на Kajgana.com отколку на Facebook се гледа дека грешката на Kajgana.com е во споредувањето. Според истата таа Alexa може да се види дека на Kajgana.com 85% од посетеноста доаѓа од Македонија. Додека за Facebook.com се гледа дека посетеноста доаѓа од САД и другите земји, Македонија ја нема на листата, можеби зазема некои 0.0? отсто.

Споредувајќи го поминатото време на oколу 2,000 30,000 посетители на Kajgana, со поминатото време на 250 милиони глобални корисници на Facebook е погрешно, бидејќи просечното време дефинитивно ќе се намали заради бројот на корисниците. Бројката за посетата на македонските веб страни е превземана од Compete, чија веродостојност ја споредив со официјалната статистика на Facebook за дневни посети и резултатот кој Compete го дава. Доколку има поинаква алатка за мерење на уникатни посетители, споделете во коментарите подолу.

(
Исправка 17.07.2009 Дарко Лазаревски од Kajgana.com напиша во коментарите дека според Google Аnalitics Кajgana бележи околу 30,000 посети дневно, а не 2,000 како штo е забележано од Compete.)

Кога сме кај популарноста на веб страните, според Аlexa oва e топ листата на најпосетуваните македонски веб страни. Како што можете да приметите го нема On.net.mk кој има околу 20,000 уникатни посетители според Compete.

On.net.mk може да се најде на оваа листа на најпосетувани македонски веб страни, според Alexa-mk. Повторно, како може сајт кој има околу 20,000 дневни посети да биде на 5 место, а македонската Wikipedia да биде на прво на најпосетуваните македонски веб сајтови, сајт кој според истата Alexa и нејзината листа, тој сајт воопшто и не се појавува.

Можеби посетителите на Kajgana се лојални и поминуваат многу време на форумот и сајтот, вклучувајќи ме и мене како секојдневeн посетител, ама јавно споредување со Facebook е апсурдно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии