Македонците најмногу користат мобилни по Црногорците, според статистиката на ClickAttack

Во Македонија Аndroid е најпопуларната платформа, а iPhone е најпопуларниот телефон, се вели во анализата направена од мрежата за мобилно рекламирање во Јужноисточна Европа, ClickAttack. Извештајот е направен со податоци од нивната мрежа.

Тоа што е интересно е што само Црногорците повеќе користат мобилни од Македонците, и го користат подолго од другите балкански земји кои се предвидени во извештајот, односно Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Унгарија. Пример, Македонците најмногу ги користат мобилните во сабота, и често ги користат најкасно во денот, дури до 23:00 часот, кога, пример, Србите и Хрватите веќе ги гасат.

iPhone е најпопуларниот телефон кој го користат дури 10 отсто од корисниците, по што следи Samsung Galaxy S3, Galaxy S4 и Galaxy S5. Штета, но поради политиките на Apple не е можно да се издвои која верзија на iPhone е најпопуларнa. Samsung е дефинитивно најпопуларниот производел, по што следи Apple, Alcatel, Sony и LG. Android сепак останува мобилниот крал во Македонија. Мобилната платформа на Google се користи од 77 отсто од корисниците. Windows Phone само од 0,6 отсто.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии