Мајскиот апдејт на Windows 10 со подобрувања за корисниците со механички хард дискови

Иако во последниве неколку години бројот на корисници кои се префрлаат од механички хард дискови на SSD не престанува да расте, сепак постојат такви кои сеуште користат механички дискови. Доколку сте еден од нив, и користите Windows 10, новиот апдејт би требало да ви донесе значително подобро искуство со истиот.

Промената доаѓа благодарение на промена во начинот на кој фајловите се индексираат. Како резултат, компјутерите ќе можат побрзо да пребрауваат низ фајлови, што ќе доведе до севкупно побрзо искуство. Секако, ваквата промена ќе е најочигледна кај корисниците кои сеуште работат на механички хард дискови.

Со секој нов апдејт на оперативниот систем гледаме подобрувања, но не е тајна дека некогаш истите можат и да го успорат истиот. Но, доколку може да им се верува на Windows Latest, со новиот апдејт ќе го добиете спротивното.

Со хард диск, доколку во позадина има процес кој го оптоварува дискот, истиот го оптоварува и целиот опреативен систем. Процесот на Windows Search се смета за таков процес, и поради тоа индексирањето на фајлови може да ви го успори компјутерот. Windows Search со новиот апдејт ќе користи многу помалку од ресурсите на дискот. Покрај ова, тука е и фактот дека било какви активности за индексирање ќе бидат сериозно успорени, или потполно прекинати, доколку вашиот диск е во активна употреба во моментот, како на пример кога копирате, преместувате или бришете фајлови. Секако, ваквите промени нема да се премногу очигледни кај корисници кои користат SSD дискови, но се сепак добредојдени.

За жал, Microsoft има репутација за апдејти кои неретко предизвикуваат и проблеми кај корисниците, и мајскиот не е исклучок. Имено, апдејтот може да предизвика проблеми кај платформата за апликации кои користат виртуелна реалност, Windows Mixed Reality. Покрај ова, DISM (Deployment Image Servicing and Management) алатката исто така има проблеми, и ако ја користите за поправање корупција кај системите, истата може да пријави погрешен статус.  

Апдејтот за кој разговараме е скоро финализиран од страна на Microsoft, што значи дека е прашање на време кога истиот ќе биде достапен за корисниците. Microsoft велат дека работат на тоа проблемите со Windows Mixed Reality и DISM да се поправат во најскор можен рок, па доколку користите било која од тие алатки, или едноставно не сакате апдејтот да предизвика проблеми, можеби и попаметно би било да почекате уште малку.

1 коментар на “Мајскиот апдејт на Windows 10 со подобрувања за корисниците со механички хард дискови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии