Мајло, детето што ќе го промени гејмингот

За време на прес конференцијата, Microsoft изврши неколку демонстрации како борба рака со рака, возење на скејт, цртање на платно, возење на тркачки автомобил и друго… со кои ги докажа можностите на Kinect платформата и тврдењето дека самите играчи се управувачи. Една од поинтересните презентации беше логирање во Xbox Live системот само преку појавување пред камерата, како и навигација низ менито со обично мафтање на рака.

Според некои информации, платформата се очекува да биде официјално претставена на пазарот во 2010 година.

Интересно е тоа што поголем број аналитичари беа заинтересирани за потенцијалот на технологијата и нејзиното имплементирање и во други сфери на животот, како менувањето канали на телевизија со еден замав на раката. Претставниците на Microsoft не искоментираа ништо кога беа запрашани дали има планови за поголема инвестиција во оваа технологија, но според некои најави, Panasonic веќе работи на слична технологија која се очекува да го замени далечинскиот управувач.

Мојот впечаток е тоа дека Kinect Project Natal, кодното име на проектот, може да послужи и како одлична комуникациска платформа бидејќи овозможува конектирање со други корисници на Xbox преку користење на камерата и системот за препознавање на говор.

На прес конференцијата за овој нов изум беше присутен и режисерот Стивен Спилберг, кој сега соработува со Electronic Arts во создавање на игрите. Салата преполна со новинари беше искористена и за да се претстават игрите "The Beatles: Rock Band" (и тоа лично од Пол Мекартни, Ринго Стар и Јоко Оно) која се очекува во септември и нова верзија на Halo која е закажана за 2010 година.

Г. Молинеух изјави за MTV дека препознавањето глас всушност е трик, дека Мајло може да препознае намуртени лица и насмевки, но сепак не можел да препознае говор. Г-дин. Молинеух рече дека „Мајло треба да се тренира на гласовите“. Но додаде дека интеракцијата со рибите која може да се види од видеото е комплетно реална.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии