Main One Cable Co од Нигерија виновен за проблемите со Google

Дејан Соколоски

во Веб, Вести

Нигерискиот интернет провајдер Main One Cable Co е виновен што дел од глобалниот сообраќај на Google е пренасочен преку Кина.

Компанијата призна дека неодамна правеле надградба на мрежата и при оваа надградба поради превид направиле грешка. Последица на грешката е ова пренасочување низ Русија и Кина. Проблемот траеше само 74 минути, но и ова беше доволно да ThousandEyes и BGPmon да го забележат. Алармите за некаков напад веднаш се запалија, овојпат Русија и Кина беа без вина.

Google немаше реакција на пропустот, иако ја потврди веста дека дел од сообраќајот бил пренасочен. Компанијата додаде дека и проблемот е предизвикан надвор од компанијата, иако не потврдија дека Main One навистина е виновен за ова.

Сепак експертите добија уште еден доказ колку едноставно може да пренасочувањето на целиот сообраќај. Овојпат секако беше грешка, но е добар показател дека и вешти хакери би можеле да да го направат истото. Секако ќе треба некако да дојдат до пристап до рутерите.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии