Спонзориран текст

Магичниот свет на проектниот менаџмент

Спонзорирано од Endava

во feature, ИТ.МК, Спонзорирани

Проектниот менаџмент е растечка професија во целиот свет и во согласност со овој тренд постои континуирана побарувачка за професионалци од оваа област. Со сигурност можеме да кажеме дека нашата дисциплина е во подем. Модерниот проектен менаџмент е започнат неодамна, некаде во средината на 50-тите години од минатиот век. Но, уште во раните цивилизации постојат вредни примери за големи проектни иницијативи како што се изградбата на пирамидите од Гиза и Кинескиот Ѕид. Според сегашните статистките “90% од светскиот извршен менаџмент и експертите велат дека добриот проектен менаџмент е клуч за испораката на успешни резултати и добивање на конкурентска вредност”.

„ПМ + БА -> Стенд-ап”

Кој е тимот на проектни менаџери во Ендава? Што го прави овој тим уникатен?

Ние сме 12 енергични професионалци кои се ентузијасти и вљубеници во работата со луѓе. Нашиот тим постојано се стреми да прави повеќе и подобро, поттикнувајќи ги колегите целосно да го искористат својот потенцијал, инспирирајќи ги да бидат најдобри во тоа што го работат. Ние сме интересна група со познавања од различни области вклучително банкарство, осигурување, телекомуникации, финансии, медиуми, транспорт и јавна администрација. Сервисите кои ги нудиме вклучуваат управување и администрирање на проекти, портфолио и програми и советување и обука на компании при трансформација кон користење на агилна методологија. Го сакаме проектниот менаџмент  бидејќи уживаме во соработката со луѓе и во испораката на заеднички проектни резултати.

Тимот на проектен менаџмент и бизнис анализа во Ендава

Ендава привлекува таленти кои се ентузијасти, проактивни и отворени за нови предизвици и ризици. Ние како тим се чувствуваме полни со живот и енергија кога работиме заедно и континуирано учиме едни од други. Да го најдеме редот во хаосот и да испорачаме резултати со највисок квалитет се наша пасија. Позитивниот став е наша заедничка карактеристика.

 Како ние инспирираме и мотивираме? Кои се секојдевните предизвици со кои се соочуваме?

Континуирано поттикнуваме соработка во тимовите и помеѓу нив, па сите заедно растеме и се развиваме следејќи ја магичната формула на сликата. Главен двигател ни е желбата да креираме работна околина во која секој се чувствува заштитено и удобно. Околина во која секој може да зборува за сопствените предизвици и секогаш да побара помош кога му е потребна. Катализирајќи го поврзувањето на различните профили во нашите тимови, ние се стремиме да создадеме хармонична работна атмосфера и да поттикнеме еднаквост.

Преку моќта на комуникација, тежнееме да ги инспирираме тимовите да дискутираат, да бидат отворени, да споделуваат и пред се активно да се слушаат. Ние поттикнуваме отворен, искрен и двонасочен повратен одговор, со што градиме стабилна комуникациска врска и стимулираме подобра соработка.

Уживаме што сме дел од оваа дисциплина, иако секојдневно се соочуваме со различни предизвици. Еден од најголемите предизвици ни е решавање на нешто од кое другите се откажале, притоа земајќи голема одговорност, а во исто време правејќи го тоа на забавен и интересен начин. Сите сме различни и уникатни, наоѓањето соодветен пристап за соработка со секого е еден од најинтересните предизвици.

Поттикнувањето на оптимизмот и проактивноста, како и верувањето во посветла иднина се дел од нашето секојдневие, а ние сме упорни и издржливи.

Работиме во динамична околина и овие предизвици ни го “зачинуваат” работниот ден.  При соочување со нив и нивно надминување ние се чувствуваме исполнети и мотивирани да направиме повеќе и да отидеме еден чекор понапред.

Што нè прави горди?

Благодарение на хоризонталната компаниска структура имаме слобода за работење на сопствен начин и избирање на соодветен пристап за испорака со цел да постигнеме најдобри резултати.

„Само небото е граница”

Културата во Ендава ни отвора многубројни опции за професионално и лично растење и развивање. Ние нè чекаме можноста да ни чукне на врата, туку сме креатори на нашата сопствена кариера. Овде сме поттикнати да создадеме нови прилики и да ги прифатиме.

Горди сме, што можеме да кажеме дека нашиот тим порасна со професионалци од различни дисциплини. Една од нашите сегашни проектни администратори, правник по професија, покажа интерес да се приклучи во дисциплината. Таа почна да ја тркала топката и “се фати на орото”. Клучен фактор за успехот на оваа транзиција беше постојаната поддршка од колегите во текот на процесот.


Големо задоволство е да се работи заедно со нашите интернационални клиенти на нивните стратешки иницијацитиви и непосредно да се придонесува во подобрување на нивните суштински компаниски процеси. Следната слика доловува дел од портфолиото на услуги кои ние ги нудиме за нашите клиенти.

Како учиме, растеме, влијаеме и споделуваме знаење?

Градењето доверба и транспарентната комуникација се клучни фактори за успешна соработка со нашите клиенти. Имаме уникатна можност да ги советуваме, да им помогнеме да ја подобрат нивната испорака, да ги рационализираат процесите, да бидат ефикасни и продуктивни. Нашите клиенти ja препознаваат и почитуваат нашата експертиза. Со нив функционираме како еден тим и гордо ја пренесуваме нашата Ендава култура. Преку соработката со големи компании и корпорации ние сме изложени на интеркултурно влијание кое што ни овозможува да ги подобриме сопствените вештини.  

Отворената култура на Ендава го стимулира континуираното учење и нè предизвикува да напредуваме. Ние взаемно си помагаме во стекнување и споделување на знаење во областите кои се дел од нашата експертиза. Една од придобивките е можноста за сертификација и посетување на обуки и конференции во согласност со избраниот професионален развој. Благодарение на еден наш колега, кој иницираше интерна обука за Scrum, го зголемивме бројот на сертифицирани Scrum Master-и. Овој тип на иницијативи ни дозволува да се ангажираме во активности кои се надвор од секојдневниот распоред.

Презентации како дел од нашата култура

Каде се сме присутни?

За прв пат оваа година во април организиравме „Недела на проектен менаџмент”, која се реализираше истовремено на сите локации во Ендава. Целта на овој настан беше да се зголеми свесноста за проектниот менаџмент и да се споделат различни искуства и знаења со колегите. За време на овие пет дена, нашите проектни менаџери, Scrum Master-и, агилни тренери и бизнис аналитичари подготвија различни презентации. За да стимулираме интеракција и забава, секој ден организиравме различни игри кои имаа основна цел – зголемување на тимскиот дух. Дел од нашиот тим ги презентираше и своите кулинарски вештини и секој ден подготвуваше различни специјалитети со цел собирање средства за нашата добротворна иницијатива. Погледнете го видето што ја доловува атмосферата.

На 30ти мај бевме дел и од Ендава Tech flow средбата – Agile Myth Busters, каде што го споделивме нашето досегашно агилно искуство.

Tech flow – Agile Myth Busters

Како за крај, ние сме многу среќни што постојано ја споделуваме оваа магија со нашите тимови и продолжуваме заедно да истражуваме. Одговорете на следните прашања за да проверите дали и Вие мислите и дејствувате како проектен менаџер.  

Останете во тек…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии