Магазинот за гаџети Upload го објави првиот број

Дизајнот е интересен и одлично одговара на хардверската ориентираност на овој магазин. Користејќи ги Flash ефектите се добива една поинаква димензија за објаснување на гаџетите, и му помага на дизајнот да не биде се натрупано на едно место. Покрај тоа го инволвира и корисникот кој одбира која содржина да ја прегледа.

„Сметам дека он-лајн магазините се иднината на издаваштвото, затоа што трендовите глобално говорат за криза кај печатените медиуми. Единствениот модул тие да преживеат е да се трансформираат во интернет изданија, кои имаат голем број на предности како: достапност, интеракција и можеби најважното – тие се бесплатни. Мислам дека има простор за веб магазин на македонски јазик иако публиката можеби се уште не е навикната на ваквиот тип на медиум, но времето оди во прилог. “ вели Зоран Зафировски од Upload магазинот.

4 коментари на “Магазинот за гаџети Upload го објави првиот број

  1. Прво, алал да им е како успеаа да соберат спонзори за реклами.
    Второ, флешот како технологија е фејл веќе подолго време во веб дизајнот освен за видео. Според мене страната е премногу напорна, и не гледам зошто би ја посетувал пак.

  2. Претерано се користи флеш, па дури и станува напорен. Ако на една страна има 5 подвижни делови, веќе станува многу тешко да се задржи вниманието.

    Секоја чест за дизајнот, иницијативата и содржината, ама мислам дека комплетна флеш имплементација е overkill (а и демоде). Бавна е, не се селектира текстот, се губат многу пиксели за да му се објасни на посетителот дека ова, у ствари, е хартија која треба да ја вртиш. Претпоставувам дека е нечитлива на нетбук, а камо ли на мобилен телефон.

    Мислам дека се ова треба да се преведе во HTML.

  3. Морам да признаам идеата е оригинална. Си викам, not another online magazine, али ова испадна многу повеќе.
    Единствена забелешка само да не се пуштаат видеата од рекламите сами, туку да се клика на плеј. Така бар мислам е подобро за читателите да не се симнува одма видеото :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии