Магационерите на Amazon работат во ужасни услови

во feature, Свет

Пауза за тоалет со тајмер, цели кои не може да се постигнат и работници кои заспиваат на нозе. Ова е искуството на Алан Селби од Mirror, кој шeст недели инкогнито работеше во магацините на Amazon во Есекс.

Иронично, г.Селби состојбите во најголeмиот магацин во Европа ги снимаше со камера која ја купи од веб -продавницата на Amazon.

„Сам во заклучен металеn кафез, 3 метри од најблискиот колега, се приближува робот кој ги бутка полиците кон мене. Имам 9 секунди да процесирам производ и да го испратам на пакување – да ја исполнам целта од 300 производи на час“, раскажува г. Селби.

Џеф Безос од оваа недела е единствениот кој има над 100 милијарди долари, но условите за работа во магацините на Amazon се ужасни. Вработените работат 55 часа неделно, а сите кои не можат да ги остварат целите се во опасност да бидат отпуштени.

„Ликовите на вработените се далеку од пеењето и насмевките кои ги гледате на рекламите за Amazon на телевизија. Армија од 24.000 незадоволни помошници на Дедо Мраз се платени мизерни 7 пени по спакуван и испорачан производ“.

Вработените во складот во Есекс работат 10-часовни смени. Во овој период имаат 2 паузи од 30 минути, а во останатиот период, дури и кога нема работа, од нив се очекува да стојат.

„Ме боли целото тело, мојот фитнес додаток покажува дека поминувам по 16 километри“, вели еден од вработените.

Дел од вработените поради премор веќе биле однесени со брза помош во болница.

Ова не е прв пат да се зборува за лошите услови за работа во магацините на Amazon. Досега штрајкуваа вработените во Германија и Италија. Интересно кога помислуваме на магацините на Amazon, најчесто прво помислуваме на автоматизација и роботи, но тоа не е случај. Иако во еден дел луѓето и се заменети со роботи, она што останува и натаму е репетитивно и монотоно.

„На секој чекор се чувствува како луѓето да сe сведени на добиток. Постојат единствено да ги сервисираат машините. Репетитивната, монотона работа во иронично именуваниот центар за исполнување, не и направи никаква услуга на мојата психа. Во првите недели бев депресивен, додека мојот мозок не се исклучи“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments