Mafia III доби демо и нови DLC

Да се каже дека Mafia III ги импресионира сите би било потценување, особено кога ќе ги земете во предвид сите недостатоци во играта. Тоа не значи дека Hangar 13/ 2K Czech не сакаат да привлечат нови фанови, а и да го задржат вниманието на веќе-постоечките. За таа цел, авторите не само што издадоа демо за играта, туку и ново DLC.

Додатокот Faster, Baby го поставува Линколн и Рокси во нова, експлозивна мисија за откривање на корумпираната страна на руралниот град Синлар Периш. Покрај нова приказна, Faster, Baby ветува проширени можности при возењето, нови борбени механики, како и нови возила и оружја. Она што всушност добивате е мисија која може да се заврши за 45-75 минути, нова област и ликови, нов автомобил (Nightcrawler), едно оружје (Roxy’s MK 1020 silenced SMG), два костима (Blue Genius и The Experience), одгледување и продавање марихуана преку нов, надградлив систем, како и можност за пукање и фрлање гранати директно од автомобилот кој го возите. Со оглед на цената од 15 евра, ова се чини дека не е доволно за повеќето играчи, кои искрено се надеваат на повеќе содржини преку преостанатите две проширувања, предвидени да излезат летово. Таквото нешто е очигледно и од рецензиите од кои само 60% се позитивни.

Датумот на излегување на DLC-то се поклопи и со излегување на демо за играта кое ви дозволува целосно да навлезете во почетните моменти во играта, а напредокот кој ќе го достигнете целосно ќе се пренесе во моментот кога ќе ја купите играта. Демото е овозможено за PC, PS4, Xbox One и е со големина од околу 25GB.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии