Зошто Скопје е добро место за стартапи?

<Поправка>Текстот е поправен поради грешка околу авторството. Водичот не е на Macedonia2025, туку на Теодос Пејоски, Ева Пиперевска и Елена Јовчевска, првично објавен на Startus.cc.</поправка>


Добра конекција со останатите европски градови, 80 отсто од младата популација зборува англиски, брз и стабилен интернет и лесното регистрирање на компании во Македонија, се дел од причините поради кои странците гледаат на Скопје како на добро место за отворање на стартап, велат Теодос Пејоски, Ева Пиперевска и Елена Јовчевска oд македонскиот стартап G6 Solutions, во водич објавен на Startus.cc.

„Скопје е главен град на Македонија, центар и средиште на македонскиот стартап екосистем. За него сакаме да кажеме дека е град во раст, главно место каде индустријата и образованието се соединуваат и креираат совршена формула за успешен стартап“.

Што се однесува до предупредувањата дел од нив се однесуваат на законодавството и недоволната дигитализација, што предизвикува доза на бирократија, но и проблем за пристап до финансии. Можеби најголемиот проблем сепак е генерацискиот јаз, па вработените во институциите често не ги разбираат потребите на технолошки иновативните процеси.

Прирачникот во кој дечките од G6 ги споделуваaт предностите на Скопје како следна локација на стартап е еден од најдобрите кои ги имаме видено (full disclosure: it.mk е спомнат). На едно место и накусо, авторите успеале да опфатат речиси сѐ од предности и недостатоци за креирање на стартап во Скопје, локации за канцеларии за соработка како Co-office, Yes Incubator или NewMan’s Business Accelerator, па сѐ до настани, средби и Facebook групи кои се интерeсни за претприемачите како MKStartups, Silicon Drinkabout, Startup Grind, Beer and Code, AllWeb или Codefest.

Дури и да не сте странец кој разгледува дестинации за својот стартап, прирачникот може да се најде и на македонските стартап ентузијасти, инвеститори, основачи и претприемачи.

1 коментар на “Зошто Скопје е добро место за стартапи?

  1. Гајдот не креиран од Македонија 2025 туку е креиран од Ева, Теди, Елена, и е иницијално објавен на http://magazine.startus.cc/skopje-startup-city-guide/ во Септември минатата година (како што и пишува најдолу на текстот). Истиот е основа за ресурсите на Western Balkan Startups, иницијатива на Британски Совет (https://westernbalkanstartups.com/resources-skopje/). Така да ”Macedonia 2025 успеале да опфатат” е неточна информација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии