MacBook Pro, Touch Bar, Apple TV – главните уреди претставени на настанот на Apple

Настаните на кои Apple го претставува својот хардвер се интересни за сите. Компанијата на чии уреди често се гледа како на статусен симбол отколку алатки секој пат има интересни презентации.  Овој пат беше јасно дека нема да има презентации на телефони и паметни часовници, а неколку дена претходно излегоа во јавноста деталите за новиот MacBook Pro. Kомпанијата од Купертино на претходниот настан ги претстави телефоните и часовниците, па за овој остана само „поголемиот“ хардвер.

Првата најава со која Apple го отвори настанот е нова страна за корисници со специјални потреби. Технологијата треба да им биде достапна на сите, а ние во Apple веруваме дека мора  да им биде достапна на сите.

Настанот не беше за iPhone 7, но Тим Кук сепак остави дел од презентацијата за телефонот.  Најголем дел беа за фотографиите и камерата на телефонот. Memories е нова функција која како што кажува името секој ден споделува различно сеќавање со корисникот. Тим Кук помина дел од времето во споредба на надградбата на iOS 10 со Android 7, па можеби вистинското прашање е дали Pixel и Pixel XL се поголема закана за доминацијата на Apple во САД отколку што првично изгледаше, нашето мислење е дека се.

Apple TV

Apple TV конечно ќе добие надградба која корисниците ја очекуваат. Телевизорите сега имаат над 8.000 апликации од кои 2.000 се игри кои може да се играат преку платформата. Конечно пред крајот на 2017 на Apple TV ќе биде достапна и популарната Minecraft.

Новата апликација TV треба да овозможи интегрирано искуство на сите програми на едно место. Телевизијата отсега е иста на Apple TV, iPad и iPhone. Освен телевизијата апликацијата има совети, водичи, препораки, детали за сериите. Компанијата сака искуството да биде исто на сите уреди, па инсталирањето на некоја апликација на телевизорот, веднаш ги инсталира и на iPad и iPhone.

TV доаѓа со апликација со Siri што сега овозможува гласовна контрола за стартување на програмите со гласовниот асистент. Како и кај останатите содржина постои истата синхронизација по уреди, па содржините ќе продолжат на еден уред од каде што корисникот престанал да ги гледа на претходниот. Она што важи за филмовите важи и за програмата во живо. Siri препознава и која апликација треба да ја отвори, кои содржини се каде и ги отвора соодветните апликации.

tv-apple

Image: Apple Event

MacBook Pro

Во неделата во која пред 25 години Apple го претстави PowerBook, компанијата  го претстави и новиот MacBook. Ова не можеше да помине без видео потсетување на сите модели на ноутбук од компанијата. Новиот MacBook Pro доаѓа во две верзии – 13-инчи и 15-инчи. Уредот е потенок од сите претходни уреди, дури и од MacBook Air, но компанијата овој пат не ги претстави како најтенки ноутбук уреди на пазарот. MacBook Pro сега е и полесен што секако е одлична вест.

MacBook Pro доаѓа со нов тракпад и тастатура. Тракпадот е подобар и поголем, истото важи и за тастатурата. Она што најверојатно е најголемата промена на MacBook Pro е замената на функционалните копчиња со ретина мулти екран на допир. Touch Bar е подобрување и надградба на функционалните кочиња кои досега се користеа. На Touch Bar може да се постават функции од оперативниот систем, но и од софтверот.

Touch ID, сензорот за читање на отпечатоци за првпат е на MacBook Pro. Интегриран е на десниот крај од Touch Bar врз power-копчето. Копчето овозможува и авторизација за купување со Apple Pay, што можеби е и најголемата корист од целата контрола. Иако препознавањето на отпечатоците на секој од корисниците на MacBook Pro нуди можност за отклучување и персонализација за различни корисници.

image-1163

Она што е интересно е дека тачбар неодоливо потсетува на Surface Diаl. За разлика од Dial, тачбар е „закотвена“ и поради ова „разводнета“ верзија. Надвор од ова се чини дека и тачбар и Surface Dial имаат идентична функционалност, иако контролерот на Microsoft делува далеку поимпресивно.

keyboard_gallery1_large

Новите MacBook Pro 15-инчи доаѓаат со Intel Core i7 на 2.6GHz, графичка Radeon Pro 450 со Polaris архитектура, слободниот простор е SSD до 2TB. Новите 13-инчни уреди доаѓаат со i5/i7 процесори; Intel Iris графичка картичка и SSD. Двата уреди можат да работат до 10 часови без полнење.

image-1164

Тоа што имаат слични контролери не им пречи на Microsoft да го интегрираат тачбар во својот софтвер. Сите алатки на компанијата, од Office, до Skype доаѓаат со контроли за тачбар, а истото важи и за Photoshop и куп други апликации.

Image: Apple Event

Image: Apple Event

touch-bar

Image: Apple Event

macbook-line

Image: Apple Event

1 коментар на “MacBook Pro, Touch Bar, Apple TV – главните уреди претставени на настанот на Apple

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии