Mac Pro импресионира со дизајнот, моќта, цената и првите рецензии

Новиот Mac Pro на Apple излезе минатата недела, а веќе пристигаат и првите позитивни рецензии. Сите речиси без исклучок се импресионирани од дизајнот и перформансите на Mac Pro, но цената на компјутерот започнува од 3.000 што е една од недостатоците во сите рецензии.

„Во моментов најголем дел од програмите нема целосно да ги искористат графичките перформанси на Mac Pro“, вели Engadget.

Тоа што е за пофалба е што уредот е мал, лесно пренослив, а дизајнот е атрактивен. Ваквото поставување на хардверот овозможува подобро ладење, а дополнителна предност е и намалената бучава од 30 на 15 dB. Сепак дизајнoт не е единствената импресивна карактеристика на новиот Mac Pro. Хардверот на компјутерот е подеднакво моќен. Mac Pro доаѓа во неколку варијанти со процесори од четири јадрен Intel Xeon E5-1620, па се до 12-јадрениот процесор на 2.7 GHz. Меморијата се надградува до 64 GB, можност за 1 TB SSD диск и графичка меморија до 6 GB, со две картички чија цена оди и над 800 долари. Цената на најскапата верзија на Mac Pro e речиси 10.000 долари.

„Ако го споредуваме со автомобил тогаш Mac Pro е Ferrari или Maserati. Прекрасен е, секси и моќен и малку богати луѓе ќе го нарачаат веднаш. Но ова не значи дека ќе биде конкурентен во Формула 1“, вели New York Times.

Најимпресивни се перформансите на Final Cut Pro X апликацијата за видео едитирање која е една од ретките која е прилагодена за новиот Mac Pro. Без сомневање Apple наскоро ќе оптимизира поголем дел на софтверот и тогаш вистинските перформанси на Mac Pro ќе бидат целосно отклучени. Дотогаш корисниците кои ќе можат да си го дозволат овој компјутер ќе имаат доволно време да си одговорат на прашањето дали 8.000 долари за компјутер кој сепак ќе биде стар модел по неколку години е цена која се спремни да ја платат.

[youtube]IbWOQWw1wkM[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии