Mаc OS X Lion симнат еден милион пати во првите 24 часа

Lion е најбрзо продаваниот оперативен систем на Аpple, само еден ден од објавувањето се симнати еден милион примероци од Mac App Store. По цена од 30 долари, тоа е одличен профит за Apple.

ОS X Lion е првиот Mac оперативен систем кој се продава преку веб, преку Mac продавницата, иако Apple планира да го пушти подоцна по физичките продавници. Овој потег е најверојатно да се зголеми популарноста на овие продавници за кои Аpple се надева дека ќе биде примарниот извор на симнување софтвер.

Брзата продажба на новиот оперативниот систем може да биде резултат на неколку нови атрактивни опции. Apple вели дека има 250 нови опции. Секако поголем дел се подобрувања, но меѓу новините се и движењата со повеќе прсти, Мission Control, апликации на цел екран, Auto Save, Resume…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии