М3Con во живо стрим на Тод Су од Apex Legends

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Конференцијата М3Con продолжува денес со онлајн предавањето на Тод Су од Respawn Entertainment, креаторите на Apex Legends.

„Тод Сју е ветеран – артист за видео игри, со 16 години искуство, кој придонесува за некои од најнезаборавните и најомилените блокбастери на нашето време“, велат организаторите од M3DS.

Во неговото најавено едукативно предавање, Тод ќе одговори на често поставеното прашање, „Како продолжува компанијата Respawn да прави хитови со својот помал тим?“; Ќе се погледне зад сцената и ќе се дискутира кои фактори ги обликувале Apex Legends и со какви предизвици се соочил уметничкиот тим; а ќе говори и за стратегијата на уметничката насока и културата што им помогнале да имаат успешен старт.

Говорот започнува во 7 часот и може да го гледате подолу или директно на Twitch страницата на M3DS.

Watch live video from M3DS_Academy on www.twitch.tv

Настанот продолжува на 28 март за кога се најавени двајца нови говорници.


Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии