M3Con продолжува со говорот на Марко Чулев

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Марко Чулев од Industrial Light & Magic е најновиот говорник на конференцијата M3Con.

Terminator: Dark Fate, Jurassic World: Fallen Kingdom, Kong: Skull Island, Rogue One: A Star Wars Story, The Mummy, Warcraft, The Avengers and Star Trek: Into Darkness се само дел од блокбастерите на кои работел г. Чулев.

Марко ја започна својата кариера во 2005 година во родниот град Скопје, Македонија во Fx3x. Работел на сите аспекти на „pipeline“-от, од моделирање до компонирање снимки, со актуелен фокус на ILM asset development. Марко е самоук уметник, кој е страстен за сите аспекти на визуелните ефекти. По завршувањето на средното училиште тој беше во можност да го претвори хобито во работа и наместо да продолжи со формално образование, реши да продолжи кариера во визуелни ефекти. Тој постојано ги учи новите техники и ја проширува својата вештина користејќи го своето слободно време за создавање реални модели на 3Д модели и 3Д принтови.

Г. Чулев во 2017 беше номиниран за Visual Effects Society Award за Outstanding Model in a Photoreal or Animated Project за неговата работа на Rogue One: A Star Wars Story.

Марко Чулев работи во Industrial Light & Magic последниве девет години. Започна во Сингапур во 2011 година, а потоа се пресели во Лондон во 2014 година, во канцеларијата на Ванкувер е од 2015 година.

Како супервизор на модели, Чулев е специјализиран за создавање суштества и дигитални луѓе, како и фокус на чешлање на косата и текстури.

Говорот е на 28 април и започнува од 21:00. Може да прегледате или на линкот подолу или директно на страницата на М3DS академијата.

Watch live video from M3DS_Academy on www.twitch.tv

Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии