M3Con – Предавање на Џо Рубино од Microsoft

Откако се одложи поради епидемијата на Ковид-19, М3Кон беше презакажан и се одржува онлајн. Денес ќе се одржи третото предавање, а говорник е Џо Рубино Cinematic Director во Microsoft.

Во својата работата Г. Рубино успешно ги спојува своите најголеми страсти, гејмингот и режирањето. Без разлика дали е во фаза на снимање и режирање на движења на сет, дел од камера-тимот, или е во студио во фазата на развој на некој проект, тој целосно се внесува во процесот.

На M3Conference ќе зборува за тоа како станал раскажувач и осмислувач на приказни, при што ќе вклучи сцени и процеси на креирање на многу познати видео игри како Max Payne 3, Grand Theft Auto V, Red Dead Redemption 2, Assassin’s Creed Odyssey и многу повеќе.

Говорот започнува во 17 часот и може да го гледате подолу или директно на Twitch страницата на M3DS.

Watch live video from M3DS_Academy on www.twitch.tv

Ова засега е последен говорник на конференцијата. Секако ако има промени дополнително ќе ве известиме.


Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии