M3Con ќе се одржи онлајн

Ако сте разочарани што оваа година нема да може да ги слушате говорите на некои од лидерите од индустриите за развој на виде игри, визуелни ефекти и моделирање имаме добри вести за вас. Благодарение на напорите на организаторот M3Con сепак ќе се одржи, но онлајн.

Првиот говор/стрим е веќе денес. Говорник е Лорен Корџин, кој бил дел од многу големи студија и работел на огромни проекти. Г. Корџин е Technical Artist 3D & Immersive во Adobe. Вообичаено имињата на „Technical Artist 3D“ не се препознатливи, но насловите на кој работеле секако се. Тоа е случај и сега г. Корџин рабтеше на Splash Damage (project Dirty Bomb) во Лондон и во EA Dice во Стокхолм (Mirror’s Edge Catalyst).

Дел од говорот ќе биде Substance на Adobe со кој се олеснува работат на сетирање на материјали и текстури.

Говорот е од 6 часот и може да го гледате подолу или директно на Twitch страницата на M3DS.

Watch live video from M3DS_Academy on www.twitch.tv

Говорниците на M3Conference 2020 доаѓаат од врвни компании и студија, и ќе ги споделат своите искуства на темите за кои важат за експерти на светско ниво.

Веќе се најавени неколку говорници за онлајн сесиите, а точното време и дата на одржување ќе бидат закажани подоцна.

Веќе утре е следниот стрим, на кој ќе говори Тод Суе кој е дел од тимот кој работи на Apex Legends. Свои стримови ќе имаат и Мара Мекмахон од Pixar Animation Studios и Џо Рубино од Microsoft. Нивните стримови се закажани за 28 март.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии