Lyft доби 530 милиони долари за да му конкурира на Uber

Lyft успеа да собере 530 милиони долари инвестиции за да стане сериозна конкуренција за најголемиот стартап за превоз, Uber. Најголемиот конкурент на Uber, кој објективно досега имаше „комотно возење“, сега се заканува дека ќе го загрози приматот на Uber како неприкосновен лидер како алтернатива на такси превозот.

Lyft го работи тоа што го нуди и Uber – персонализиран превоз. Но, до сега Uber беше единствената поголема компанија која можеше да се пофали со монопол на пазарот. Барем се до сега, кога инвеститори предводени од јапонскиот гигант за е-трговија Rakuten, кој е и најголемиот инвеститоро со над 300 милиони долари. По последната рунда инвестиции Lyft сега се проценува на над 2,5 милијарди долари!

„Со новата инвестиција сме поблиску од било кога до релизација на нашата визијата за поврзување на луѓето и заедниците со помош на подобар транспорт“, вели Џон Зимер, ко-основач на Lyft, за New York Times.

Oчигледно дека покомотен превоз на патници е ново интересно поле да се „поремети“ од нови иновативни идеи, не само поради интерес од корисниците и инвеститорите, туку и поради вртоглавиот успех на Uber и Lyft. Минатата година Lyft петкратно го зголеми превозот на патници во градовите во САД каде ги нуди своите услуги.