Luna е клауд гејминг услугата на Amazon

Не е никаква тајна дека Amazon го сака тронот за сите дигитални содржини, а најбрзиот пат до таму го гледа преку стриминг услугите. Подолго време се шушкаше дека гигантот се подготвува за овозможување услуга која ќе биде директен ривал на Nvidia GeForce Now, Xbox и Google Stadia. Конечно се дозна дека услугата ќе се вика Луна, ќе има почетна цена од 6 евра и ќе биде достапна за PC, Mac, iPhone, iPad и Android.

Како за почеток, Amazon Luna ќе нуди инстантен пристап до над 100 игри. Како дел од најголемите наслови се спомнуваат Control, Panzer Dragoon, A Plague Tale: Innocence, The Surge 2, Yooka-Laylee and the Impossible Lair, GRID, Resident Evil 7, Abzu, и Brothers: A Tale of Two Sons. Игрите ќе можете да ги играте со резолуција до 4К и до 60 фрејмови во секунда.

Со една претплата, ќе може да се игра на две направи во исто време. Тоа значи плаќате 6 евра, но играте и вие и вашиот брат/ пријател во исто време, под услов вашиот интернет да го дозволува таквото оптеретување.

1

Паралелно со овој претплатнички пакет, Луна ќе нуди и дополнителни пакети. Првиот од таквите пакети е на издавачот Ubisoft и со дополнително претплатување ќе можете да започнете со играње на Assassins Creed Valhalla, Far Cry 6, и Immortals Fenyx Rising во моментот кога ќе излезат. Не се знае која ќе биде цената на ваквиот пакет.

Преку Luna ќе можете да гледате и најразлични Twitch стримови, а преку Twitch ќе можете да играте Luna игри. На овој начин, двете услуги огрански се поврзуваат една со друга и нудат полесен пристап до саканата услуга.

Игрите во Луна ги играте со тастатура и глувче, Bluetooth контролер или со новиот Луна контролер на Amazon. На почетокот, контролерот ќе чини 50 евра, но цената ќе се зголеми по одреден период, исто како и цената од 6 евра за клауд гејмингот.

3

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии