Луксузен, но со маани: Ова се првите рецензии за Samsung Galaxy Alpha

Еден од најубавите телефони од Samsung, Galaxy Alpha, е веќе достапен во продавниците, и веќе се појавија и првите рецензии за првиот „метален“ телефон од јужнококорејскиот производител. Метален е под наводници бидејќи само рамката на телефонот е метална, позадината останува пластика, но и тоа е доволно да го направи Alpha далеку поелегантен телефон од грдиот Galaxy S5.

Тоа за што сите рецензенти се согласни е дека ова Аlpha e најлуксузниот Galaxy модел до сега. Дури во најголем дел прегледите се сеогласни и дека намалувањето на големината на екранот на 4,7-инчи е добар потег од Samsung, како и задржувањето на пластичната маска која делува поприродно во раката. Интересно, но најголем дел од пофалбите одат кон Samsung поради тоа што овојпат сериозно се позанимавале со дизајнот на телефонот, а не само со хардверот.

[youtube]R70ei76uC84[/youtube]

Што се однесува до хардверот се чини дека Samsung со Alpha направи нешто слично како и со Мini верзиите, па така камерата е намалена на 12 МР, батеријата е со помал капацитет од 1.860 mAh, а телефонот доаѓа со Snapdragon 801 процесор од Qualcomm; 2GB RAM; 32 GB слободен простор, но овојпат без можност за проширување со картичка.

„За прв пат до сега бевме привлечени од Samsung телефон поради неговиот изглед, а не и покрај него“, вели Verge.

За жал, првите рецензии не се согласни само за добрите работи. Најголемата критика доаѓа поради дисплејот кој има резолуција 1,280х720, што е полош од 2К дисплејот на Galaxy S5. Дополнително, со 312-ppi дисплејот е полош и од дел од телефоните од средна класа од Samsung.

„Иако 2К дисплеј ќе беше премногу, сепак се надевав на 1.080р дисплеј. HTC One на својот телефон има full-HD екран прави се да бидеде екстремно јасно, штета е што истото не го видивме на Alpha“, вели CNET.

Конечно речиси сите сакаат да го видат Samsung како креатор на хардвер, но не и на софтвер. Најчестите коментари на апликациите од Samsung се дека во огромен дел Android без софтвер од Samsung е подобар Android.

[youtube]aJphCIKcIh8[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии