Луксузен хотел воведе „kill switch" за интернетот; сака гостите да се одморат

Луксузниот хотел Villa Stéphanie во Германија на листата на своите услуги за гостите додаде прекинувач за интернет. Прекинувачот не само што го исклучува бежичниот интернет, туку вклучува Фарадеев кафез околу собите кој го блокира околниот бежичен интернет, а ѕидовите на собите се обложени со специјален материјал кој блокире 96 отсто од околните Wi-Fi мрежи, пишува Financial Times.

Хотелот не е прв кој нуди „интернет детоксификација“, но чекорите кои ги преземаат се прилично екстремни. Сепак на посетителите им се допаѓа оваа функција, а дури половината од нив се одлучиле да искористат услугата во текот на својот престој во хотелот.„Постојаното проверување не е знак на умност. Ова не е паметно, туку глупаво. Памтно е да одделите време за кога ова е потребно“, вели Френк Маренбах фиректор на Oetker Collection во чија сопственост е хотелот.

Одмор без технологија е актуелен последнов период, но корисниците можат и самите да си го направат без никакви специјални и дополнителни услуги. Се што е потребно е да ги остават дома своите уреди, да исклучат пристап до интернет на телефонот и да уживаат. Се додека не заѕвони следната нотификација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии