Љубовта на Windows и Linux продолжува

Microsoft објави дека Windows Subsystem for Linux алатката, која овозможува Linux како подсистем на Windows, сега е со отворен код. Кодот е достапен на GitHub и може да се користи за прилагодени верзии на платформата.

Алатката која ја објави Microsoft ја овозможува основната функционалност и спојување на оперативните системи.

„Знаеме дека голем број на Linux дистрибуции зависат од софтвер со отворен код. Сакаме да го отвориме WSL поблиску до оваа заедница. Се надеваме дека со отворање на кодот ќе помогнеме да се зголеми ангажманот на заедницата и да се донесат различните верзии на Microsoft Store“

Microsoft вети дека секој ќе може да си креира сопствена дистрибуција и да ја „закачи“ преку Windows Subsystem for Linux. Сепак за овие верзии да бидат достапни на Microsoft Store треба да бидат објавени од авторот.

Засега она од што се незадоволни корисниците на Linux, е што овие „верзии“ на Linux доаѓаат со Microsoft Kernel.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии