Лоши вести за Siri? Мicrosoft Cortana ќе биде достапна на iOS и Android

Мicrosoft размислува да ja спакува Cortana, својот личен асистент, во апликација за iOS и Android, пренесува Reuters. Cortana дефинитивно ќе биде дел од сите идни Windows оперативни системи, и веќе е достапна како бета на Windows Phone. Но, Cortana беше гледана како конкурент на Siri на Apple, и гласовните команди на Google Now, кои се два асистента што се вградени во платформите. Како Cortana ќе функционира како посебна апликација на туѓа платформа, и дали Apple и Google ќе го дозволат тоа?

Според директорот за менаџмент на Microsoft, Ерик ХОрвитз, Microsoft сака да ја понуди Cortana на сите мобилни корисници бидејќи верува дека има технологија што „може да прочита и разбере имејл“. Тој откри дека компанијата работи на проект наречен Einstein, што е всушност обид да се подобри вештачката интелигенција на личниот асистент. Засега асистентите на сите три мобилни платформи не се баш корисни бидејќи е тешко да се разговара со нив, и почесто се случува да не го препознаат говорот, отколку да ви дадат информативен одговор. Но, зборуваме за технологија која доколку се усоврши ќе ја промени комуникацијата помеѓу луѓето и компјутерите. Трката е кој прв ќе го направи совршениот асистент.

Со оглед на тоа што Windows Phone заостанува зад iOS и Android, сосема е логичен чекорот на Microsoft да проба да освои нови платформи, доколку верува дека има добра технологија. Компанијата веќе има стотина свои апликации за Android и iOS преку кои ги нуди своите сервиси, пример Office за Android или Word за iPad, MSN вести, Band sync и други.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии