Лоши и едноставни лозинки значат и украдени податоци, вели LastPass

Безбедносниот сервер за складирање на лозинките, LastPass, ги сподели анализите на лозинките од последните комбинации на петте милиони кориснички имиња и лозинки кои неодамна беа објавени на руски биткоин форум. Резултатите се поразувачки, бидејќи десетте најкористени лозиники се: 123456, password, 123456789, 12345, qwerty, 12345678, 111111, abc123, 123123, 1234567.

Анализата на лозинките покажува дека лозинките кои биле користени се прекуси, така само 7,04 отсто од корисниците имаат лозинки кои се подолги од 10 карактери. Друг недостаток е што најголем дел од лозинките се преедноставни така 42,5 отсто се составени од мали букви и бројки, 39,84 отсто само од мали букви, 15,71 отсто само бројки. Комбинација на мали букви, симболи и бројки користат едвај 1 отсто од корисниците. Најголем дел од корисниците не ги практикува советите на експертите, па сè уште користат исти лозинки за повеќе профили, користат едноставни лозинки и сè уштене ги користиме алатки кои ни се на располагање.

Совети од експертите од LastPass за корисниците се: Користете различни лозинки за секој профил; Колку е подолга лозинката толку е побезбедна идеална должина е помеѓу 12-14 карактери; Користете генератор на лозинки.