Лошата недела за Facebook продолжува, засега Марк Закерберг не е загрижен

Facebook има навистина лоша недела. Компанијата е соочена со повлекување или паузирање на голем дел до рекламите. Најголемите огласувачи Coca-Cola, Starbucks, производителот на сапуните Dove, Ben & Jerry сладоледите, Arc’teryx, Honda, Levi Strauss, Patreon, Upwork и Verizon се дел од компаниите кои ги повлекуваат рекламите во јули од најголемата друштвена мрежа.

Дел од огласувачите се закануваат и дека нема да се вратат ако компанијата не направи доволно да го отстрани ширењето на омразата. Компаниите имаат листа со 10 барања, некои од нив се однесуваат на начините на последиците кои овие компании би можеле да ги претрпат ако нивните реклами се појават до содржина која промовира омраза. На пример враќање на средствата кои ги платиле доколку забележат дека овие реклами се до ваква содржина, но и зголемување на транспарентноста за тоа што се случува во затворените групи. Дополнително побараа можност за воспоставување директна линија за разговор помеѓу најчестите мети на говорот на омраза и претставници на Facebook.

Иако бојкотот на големите компании поради видливоста влијае на инвеститорите сепак далеку помалку ја погодува друштвената мрежа отколку што можеби изгледа. Секако дел од средствата доаѓа од овие големи компании, но најголемиот дел од финансиите од реклами доаѓа од малите и микро компании.

Се чини дека ова многу добро го знаат и во Facebook и со оглед дека средствата со кои се рекламираат големите компании кои се вклучени во бојкотот се минимални Facebook не се брза да одговори. Основачот на компанијата Марк Закерберг смета дека во „огласувачите ќе се вратат на платформата наскоро“.

И иако во преговорите зборуваат едно претставниците на Facebook сепак имаат друг став кога се скриени од јавноста, ова го тврдат извори за The Information.

Марк Закерберг смета дека бојкотот е повеќе прашање на репутацијата и партнерство отколку економско прашање.

„Нема да ја смениме политиката и пристапот за било што поради закана за мал дел од нашата заработка, или за било колкав дел од нашата заработка“, вели траскрипт до кој дојде The Information.

Сепак според најавите „Stop Hate For Profit“ кампањата оваа недела се прошири низ целиот свет. Најавата вели дека наскоро и повеќе европски компании ќе го поддржат протестот. Последната изјава на Facebook вели дека знаат дека имаат работа пред себе и дека ќе соработуваат со граѓанските здруженија. Дури и основачот на Facebook, Марк Закерберг во подолг пост објави дека имаат многу работа, но дека посветени да ги отстранат сите постови кои ќе поттикнуваат насилство или на некој начин ќе се обидат да влијаа на изборите.

Во моментов над 650 брендови му се приклучени на бојкотот.

Самиот факт што компанијата е толку голема и огласувачите не можат да си дозволат да ја игнорираат компанијата е предност која на Facebook му овозможува донекаде и да ги игнорира барањата на огласувачите. Сепак тоа ја става компанијата во фокусот на законодавците кои сметаат дека Facebook е премногу моќен монопол.

Марк Закерберг веќе мораше да одговара на овие прашања во конгресот, и тогаш се обидуваше да објасни дека во различни сегменти друштвената мрежа не е без конкуренција. Facebook тогаш помина неказнет, но веројатно друштвената мрежа повторно ќе се појави пред законодавците.

Како започна сè

Главниот повод за бојкот е нереагирањето на друштвената мрежа на постот на претседателот на Доналд Трамп – „Кога ќе започне грабежот, ќе започне и пукањето“. Постот беше во контекст на протестите и сите настани поврзани со убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд додека беше приведуван од полицијата.

Положбата на Facebook стана и полоша откако Twitter одлучи дека претседателот Трамп ја премина границата. Микро-блогот до објавите започна да објавува „етикети“ на кои пишуваше дека содржината може да поттикне насилство. Во истиот период Facebook одлучи дека нема да ги одбележува или отстранува објавите на претседателот.

Образложението на друштвената мрежа беше едноставно, наместо закана, изјавата всушност требала да биде вест од јавен карактер која ги известува граѓаните дека ќе биде искористена сила.

На ова дел од медиумите гледаа како оправдување, а незадоволни од одлуката се и 5000 вработени во Facebook кои објавија дека не го делат компанискиот став.

Facebook веќе објави некои промени

Друштвената мрежа веќе најави некои промени кои ќе ги видиме наскоро. Една од промените се случува по којзнае кој пат, и ќе биде во начинот на кој ќе се рангираат содржините кои ги гледаме во фидот. Една од новите причини за пад на рангот е недостиг или нетранспарентност со авторите.

Ако содржината нема податок за тоа кој е автор рангот ќе биде спуштен и ќе биде понизок, пишува Axios.

Дополнително за одредување на релевантноста, а со тоа и на рангот на сториите Facebook ќе користи вештачка интелигенција. Во минатото компанијата користеше луѓе како куратори на содржината, но поради обвинувања дека се пристрасни се откажаа и оставија технологијата да ја модерира содржината. Ова веројатно беше уште и полош избор со оглед на тоа дека обвинувањата не престанаа, а овој пат поплаки стигаа од двете страни.

Новиот алгоритам ќе ја препознава темата на написите и на овој начин ќе ги групира. Потоа од оваа група ќе пронајде кои текст е најчесто цитиран и тој ќе го промовира како оригинален пост.

Ова збучи малку подобро отколку што навистина е. Технологијата ќе го пронајде најрелевантниот текст од изворите кои ги следи корисникот и неговите пријатели, но нема да прикажува стории надвор од овие извори.

Ова секако не е сè. Она што не е споменато е дека како последица на оваа промена, издавачите и креаторите на содржина кои не ги следат овие правила ќе бидат пониско рангирани. Ова значи и дека многу потешко ќе се појавуваат на ѕидовите на корисниците.

Бојкотот започна

На 1 јули протестот и бојкотот и официјално започна. Над 400 компании во следните 30 дена нема да плаќаат за своите постови на најголемата друштвена мрежа. Последна компанија која се приклучи е Lego, а производителот на играчки најави дека нема да огласуваат на Facebook барем 30 дена, но ќе го зголемат инвестирањето на останатите канали.

До последен момент пред и официјално да започне бојкотот претставници на граѓански здруженија и Facebook преговараа и се договараа за спречување на бојкотот. За жал друштвената мрежа немаше доволно конкретни одговори како да го спречи ширењето на говор на омраза.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии