Лош ден за Марк Закерберг, 8 парламенти го бараат неговото присуство

Марк Закерберг минатата недела одби да се појави пред парламентите на пет држави. Оваа недела основачот на Facebook ќе има можност да одбие барем уште три. Сепак како и да се одлучи да го решава проблемот, нема сомневање дека мината и оваа недела, се исклучително лоши за г. Закерберг.

Покрај парламентот на Обединетото Кралство кој од поодамна испрати покана до основачот на Facebook, покани испратија и: Аргентина, Австралија, Канада и Ирска. Најнови држави на листата се: Бразил, Латвија и Сингапур. Речиси без сомневање г. Закерберг ќе ја прерипа и оваа покана, но притисокот во друштвената расте.

Поканите од последните три држави доаѓаат со  дообјаснување, дека г. Закерберг не мора физички да присуствува и „сведочењето“ може да биде преку видео линк, пренесе TechCrunch.

Сè започна поодамна, со проблемите со Cambridge Analytica, но минатата недела се појавија нови проблеми кои можеби и не се поврзани со тој скандал. Можеби најпоразителна е веста дека Facebook ангажирал агенција која ќе ја брани друштвената мрежа од анти-сорос пропаганда.

Секако веста дека Facebook ангажирал агенција која секоја критика кон друштвената мрежа ја карактеризира како влијание од Џорџ Сорос ќе придонесе за нови повици и нови теми за објаснување со претставниците на друштвената мрежа.